Како никој да не гледа - Љубовта на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил низ 15 спонтани фотки
Џастин во улога на папараци
Во 2015-та, Џастин реши да им покаже на папараците како треба да ја фотографираат неговата сопруга.
Уште една прошетка
Еднаш Џесика откри дека откако го родила синот, нејзиниот распоред станал негов.
Но, очигледно ѝ годи друштвото на малиот Силас.
Криење на свршувачката
Периодот кога е направена фотографијата почнаа да се шират гласини дека парот се верил. Џесика, пак, изгледа како да се обидува да ја скрие раката со прстенот.
Тие открија дека се верени во декември 2011-та.
Пред нивниот дом
Според изворите, Џесика и Џастин имаат многу познати соседи, вклучувајќи ги и Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс, Хари Стајлс и Џенифер Лоренс.
Уживање во моментот
Кога двајца се вљубени, лесно можат да се „изгубат“ во моментот.
Оваа фотографија е направена на натпревар помеѓу Роџер Федерер и Фелисијано Лопез, но Џастин и Џесика изгледаат како да живеат во нивен свет.
Моќни парови
На доделувањето на Grammy наградите во 2013-та, Џастин и Џесика седеа до друг моќен пар – Бијонсе и Џеј Зи.
Подоцна, Џастин и Џеј Зи ја изведија нивната песна „Suit & Tie“.
Ден за голф
Овде семејството е подготвено за играње голф.
Совршен пар
Изгледа дека Џастин и Џесика навистина сакаат да следат спортски настани.
Оваа фотографија е направена на натпревар на LА Lakers, неколку месеци пред нивната венчавка.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





