Познати личности кои се појавиле на Оскарите со нивните мајки

Најчесто, познатите одат на важните манифестации со нивните партнери. Но, одвреме-навреме, некој одлучува да ја понесе својата мајка.

poznati-lichnosti-koi-otishle-na-oskarite-so-nivnite-majki-01.jpg

Погледнете кои познати отишле со својата мајка на најважниот настан во нивниот живот:

Хоакин Феникс и мајка му на овогодишните Оскари

Покрај вереницата Руни Мара, на 92-рото доделување на Оскарите Хоакин ја однесе и неговата мајка.

Токму на ова доделување Хоакин си доби Оскар.

Претходно, актерот имаше 3 номинации, за улогите во „The Master“ (2012), „Walk the Line“ (2005) и „Gladiator“ (2000).

poznati-lichnosti-koi-otishle-na-oskarite-so-nivnite-majki-02.jpg

Лора Дерн и нејзината позната мајка Дајен Лад

И Лора годинава си доби Оскар, а на доделувањето присуствуваше со мајка ѝ.

Дајен Лад е позната актерка и се има појавено во многу филмови и серии. Всушност, и самата има 3 номинации за најдобра споредна актерка, и тоа за „Alice Doesn’t Live Here Anymore“ (1975), „Wild at Heart“ (1991) и „Rambling Rose“ (1992).

poznati-lichnosti-koi-otishle-na-oskarite-so-nivnite-majki-03.jpg

Киану Ривс и мајка му на Оскарите

Јавноста за момент помисли дека мајка му на Киану, Патриша Тејлор, му е девојка. Патриша е позната личност во Холивуд и има соработувано со ѕвезди како Алис Купер и Доли Партон.

poznati-lichnosti-koi-otishle-na-oskarite-so-nivnite-majki-04.jpg

Флоренс Пју ја покани мајка ѝ на Оскари 2020

Англиската актерка Флоренс оваа година беше номинирана за улогата во „Little Women“.

Наместо нејзиното момче Зак Браф, таа реши да се појави на Оскарите со нејзината мајка.

poznati-lichnosti-koi-otishle-na-oskarite-so-nivnite-majki-05.jpg

Шарлиз Терон и мајка ѝ

Шарлиз доби Оскар за најдобра актерка во 2003-та, а имаше номинација и оваа година. На настанот дојде со нејзината мајка Герда.

Шарлиз доаѓа од нефункционално семејство и денес отворено зборува за тоа дека мајка ѝ го застрелала татко ѝ во самоодбрана, кога актерката имала само 15 години.

За среќа, лошите денови се зад нив и на Оскарите изгледаа прекрасно.

poznati-lichnosti-koi-otishle-na-oskarite-so-nivnite-majki-06.jpg

Мајкл Б. Џордан и мајка му на Оскарите во 2019-та

Ѕвездата од „Black Panther“ ја прослави неговата голема ноќ со мајка му Дона.

Џордан е близок со неговите родители и во 2018-та изјави дека сè уште живее со нив и се како цимери.

Денес актерот не живее со родителите.

poznati-lichnosti-koi-otishle-na-oskarite-so-nivnite-majki-07.jpg

Дев Пател ја однесе мајка му на Оскари 2017

Светот дозна за Дев Пател после маестралната изведба во „Slumdog Millionaire“ од 2009-та.

На 89-тото издание на Оскарите тој имаше номинација за улогата во „Lion“, а на манифестацијата отиде со мајка му.

poznati-lichnosti-koi-otishle-na-oskarite-so-nivnite-majki-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Најубавите парови на доделувањето на Еми награди 2024 (фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија страстен бакнеж пред камерите, а Сел...
Свекрвата на Бијонсе стапи во брак со девојката – Свадбениот аутфит на Блу Ајви (11) стана мета на к... „Кое друго девојче на 11 години се облекува така?“ – прашуваат дел од твитерџиит...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg