Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најплатен модел, скандал со реклами - Подемите и падовите на Кендал Џенер низ фотки

Иако има само 26 години и се нашла средe многу контроверзии, очигледно е дека Кендал работи неуморно.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-01.JPG

Нејзиното име веќе е бренд и таа се појавува во кампањи на Fendi, Balmain и Calvin Klein.

Во продолжение погледнете ја кариерата на младата Кендал низ 20 фотографии:

Првата модна ревија

Дебито на Кендал Џенер беше во 2012-та, на ревијата на Sherri Hill.

Тогаш моделот имаше само 15 години и се појави рамо до рамо со сестра ѝ Кајли.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-02.JPG

Писателка од мала возраст

Изгледа дека снимањето на „Keeping Up With the Kardashians“ не беше доволно за Кендал. Поради ова, таа, заедно со сестра ѝ Кајли, објави научно-фантастична книга насловена „The Rebels: City of Indra: The Story of Lex and Livia“.

Книгата беше објавена пред речиси 6 години, во јуни 2014-та.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-03.JPG

Влезе во индустријата со соработка со Marc Jacobs

Првото големо шоу на Кендал беше ревијата на Marc Jacobs во 2014-та.

Ова беше почетокот на нејзиното владеење со светот на модата и уште тогаш се гледаше нејзиниот талент.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-04.JPG

Стана новото лице на Estee Lauder

Благодарение на нејзината популарност, Кендал го направи Estee Lauder многу препознатлив бренд.

Наводно, заработката на брендот драстично се зголемила после соработката со Кендал.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-05.JPG

Дебито на ревијата на Victoria’s Secret

Кендал им се придружи на најдобрите светски модели кога се појави на ревијата на Victoria’s Secret.

На пистата Кендал прошета со сино-црвен корсет и голема сина марама.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-06.JPG

Контроверзната кампања за La Perla

Во 2017-та Кендал беше дел од кампањата на La Perla и предизвика вистинска контроверзија.

Наводно, таа морала да откаже претходно закажано појавување за Victoria’s Secret поради новата соработка.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-07.JPG

Критикувана за „улогата“ на балерина

Кендал се има појавено во Vogue неколкупати, но фотографијата за шпанскиот Vogue од 2016-та не беше прифатена најдобро.

На фотографијата Кендал е облечена како балерина. Поради ова, балерините биле гневни бидејќи списанието не одбрало вистинска танчарка за фотографијата.

Кендал, во нејзина одбрана, изјави дека не ни знаела дека ќе ја фотографираат како балерина, сè додека не стигнала во студиото.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-08.JPG

Стана лицето на Balmain X H&M кампањата

Постои причина зошто луѓето се опседнати со Кендал Џенер – рекламните кампањи како оваа.

Кендал стана заштитно лице на долгоочекуваната соработка на познатите брендови.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-09.JPG

Неславниот инцидент со рекламата за Pepsi

Иако може да се пофали со многу успеси, Кендал (уште еднаш) успеа да навреди цела заедница луѓе.

Во рекламата за Pepsi, Кендал му го подава пијалакот на полицаец сред протест. Рекламата доби најостри критики бидејќи наводно го злоупотребила движењето Black Lives Matter.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-10.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg