Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Не сме среќни“ – Сопругот на Жизел Бундхен тврди дека имаат проблеми во бракот

Рагбистот Том Брејди, сопругот на поранешниот супер модел Жизел Бундхен, изјави дека неговата сопруга не е задоволна од нивната врска и дека побарала професионална помош, односно двајцата да посетуваат брачно советувалиште за да „со огромен труд го пронајдат балансот во бракот“.

Ne-sme-srekni-tom-Brejdi-i-Dzizel-Bundhen-01.jpg

За време на гостувањето со емисијата на Хауард Стерн, Брејди открил интимни детали за неговиот брак, истакнувајќи дека Жизел не е среќна во последните 2 години.

„Пред 2 години беше незадоволна затоа што сметаше дека не го завршувам својот дел од обврските поврзани со семејството. Тврдеше дека единственото нешто што ме интересира е рагбито и дека грижата за домот, децата и семејството ѝ припаѓа само на неа. Јас не обрнував многу внимание на ова и додека излегував за тренинг или натпревар, ми поставуваше прашања од типот: Добро, а кога ќе ги завршиш домашните обврски или кога ќе ги однесеш децата на училиште?“

Познатиот спортист додал дека морал да се освести дека се соочуваат со проблеми и да си признае самиот на себе дека во бракот постојат работи поради кои треба да си го преиспита однесувањето.

Тогаш одлучил дека семејството му е на прво место и мора да направи место за поинакви приоритети доколку сака да го зачува, а тоа резултирало со напуштање на теренот за рагби.

Откако го напуштил професионалниот живот за сметка на семејниот, Брејди, според неговите зборови, се чувствувал незадоволно и сметал дека Жизел е виновна за неговата одлука. Но, точката на вриење се случила кога таа му напишала писмо во кое ги објаснила нејзините чувства во врска со нивниот брак.

„Ми напиша писмо кое го чувам и постојано го читам во коешто, помеѓу другото, ми имаше напишано дека она што било добро и функционално пред 10 години, нема да функционира и во иднина, затоа што животот почна да ни се одвива во поинаков правец“.

Се чини дека среќниот, совршен пар има долг пат до надминувањето на препреките и проблемите.

Жизел и Том се венчаа во 2009 година и заедно имаат две деца.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Го „навлекла“ на скиентологија, ја оставил за Никол Кидман: Која е првата сопруга на Том Круз? Том Круз првпат се венча на 24-годишна возраст, и тоа со жена која е шест години...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg