Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По гласините дека ѝ треба простор од Канје, Ким прослави за 170-те милиони следбеници на Instagram

Гласините за проблемите во нивниот брак не престануваат, наводно Ким мора сама да се грижи за децата и нема помош, но наоѓа време да им се заблагодари и на фановите за големата бројка со секси фотосесија.

posle-glasinite-deka-treba-prostor-od-kanje-kim-proslavi-za-170-te-milioni-sledbenici-na-instagram-01.jpg

39-годишната ѕвезда нема изјавено ништо за гласините, иако изворите не престануваат да откриваат информации за нивниот брак.

Многумина велат дека таа мора да прави сè сама, сепак очигледно не ѝ е тешко да најде време и да прослави за 170-те милиони следбеници на Instagram.

„170 милиони. Сите ве сакам премногу!“ - стои во објавата на Ким.

Засега, од кланот Кардашијан-Џенер, Кајли има најмногу фанови на Instagram, околу 175 милиони, а Ким е веднаш по неа.

Што се однесува до гласините за Канје, наводно, раперот не се грижел доволно за нивните четири деца. Минатата недела Ким беше фотографирана во Малибу, а не се знае дали и Канје ѝ правел друштво.

„Таа се обидува да биде добра мајка, се фокусира на факултетот и нејзината работа, и тешко е да го прави сето ова без помошта од Канје“, споделил еден извор.

Изворот додал и дека желбата за контрола на Канје ја тера Ким да мисли дека раперот се обидува да ѝ ги наметне своите ставови.

posle-glasinite-deka-i-treba-prostor-od-kanje-kim-proslavi-za-170-te-milioni-sledbenici-na-ig-03.jpg

И пред некое време имаше слични гласини, според кои на парот наводно му било тешко да се справи со заедничката изолација.

„Канје навистина ја нервира Ким“, вели изворот, додавајќи дека парот премногу се расправал овој период.

Додека Канје бил зафатен со творење, Ким морала сама да се грижи за четирите деца и се чувствувала како да мора да ги завршува и неговите обврски.

Друг извор тврди дека Канје и Ким престојуваат во разни краеви од нивниот дом, поради проблемите во бракот.

„Таа е фрустрирана од Канје и смета дека тој не помага во домашните обврски. Тие престојуваат во разни делови од куќата за да го задржат мирот“, вели изворот.

Сепак, таа нема откриено ништо за ова, а на социјалните мрежи дури и објавува фотки од него и нивните деца, па не знаеме дали може да им се верува на изворите и шпекулациите. 

Минатата година, Ким и Канје ги обновија нивните завети, по повод петтата годишнина од нивниот брак. Сега останува да видиме дали навистина се случува нешто, или сепак се само гласини.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан се појави на суд со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари - се соочи со кра... Ким Кардашијан се појави со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари и из...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg