Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зборовите на Бред Пит за Џенифер Анистон по разводот + невидено видео од свадбата со Џоли

„Златната двојка на деценијата“ не успеа, а фановите до денес навиваат за смирување на Бред и Џен.

zborovite-na-bred-pit-za-djenifer-aniston-po-razvodot-nevidena-video-od-svadbata-so-djoli-01.jpg

Бред Пит по разводот од Џенифер Анистон, а пред да ја започне аферата со Анџелина Џоли даде многу интервјуа во кои говореше за неговата Џен.

Иако „златната двојка“ на деценијата пропадна, тој никогаш не кажа лош збор за неа.

56-годишниот актер во интервју за магазинот Vanity Fair ја опиша Џенифер како „топлина која ги собира сите околу себе“. Тој нагласи дека за неа главно нешто е домот, пријателите и семејството.

„Таа е како магнет, таа ги спојува луѓето заедно. Џен е како камин – зрачи топлина.“

zborovite-na-bred-pit-za-djenifer-aniston-po-razvodot-nevidena-video-od-svadbata-so-djoli-04.jpg

Потоа за неа говореше и во шоуто на Опра: „Џенифер е една од најтоплите личности што ги знам. Навистина е прекрасна и ме научи многу работи.“

Бред и Џенифер се разделија во 2005 година и иако официјално Анџелина Џоли не беше причината за тоа, Бред наскоро беше фотографиран рака под рака со неа.

zborovite-na-bred-pit-za-djenifer-aniston-po-razvodot-nevidena-video-od-svadbata-so-djoli-03.jpg

Инаку во интервју во 2006 година Џенифер зборуваше за единствената средба што ја имала со Џоли.

„Тоа беше на снимањето на серијата „Friends“ – ја повлеков и ѝ се претставив. Ѝ кажав Бред е навистина возбуден што ќе работи со тебе. Се надевам дека добро ќе си поминете“, и останатото е историја.

Тие го снимаа заедно филмот „Mr & Mrs Smith“, Бред се разведе од Џен и почна врска со Џоли.

zborovite-na-bred-pit-za-djenifer-aniston-po-razvodot-nevidena-video-od-svadbata-so-djoli-02.jpg

Бред и Џен беа во брак од 2000 до 2005, а Бред со Џоли беше заедно од 2006 до 2016, а во брак стапија во 2012. Со неа има 6 деца, од кои 3 се посвоени.

zborovite-na-bred-pit-za-djenifer-aniston-po-razvodot-nevidena-video-od-svadbata-so-djoli-05.jpg

Инаку, Кортни Кокс, пријателката на Анистон, вели дека Бред чувствувал привлечност кон Џоли и се борел со тоа извесно време, но добро е што барем бил искрен во врска со тоа со Џенифер, за разлика од некои кои чувствуваат привлечност кон други личности, но не се искрени во врска со тоа.

Видео од свадбата со Џоли:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg