Анџелина Џоли со маска на шопинг, додека кружат гласини дека ќерка ѝ Шајло избегала кај Бред Пит
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Анџелина Џоли со маска на шопинг, додека кружат гласини дека ќерка ѝ Шајло избегала кај Бред Пит

Првото биолошко дете на Џоли и Пит кое е девојче, но вели дека се чувствува како момче и така се однесува, повторно се најде на насловните страници на светските медиуми.

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-01.jpg

Анџелина Џоли за време на корона кризата времето го минува со своите деца во домот во Лос Анџелес и кога и да ја фотографираат папарацо фотографите ѕвездата носи маска на себе и дава одличен пример.

Сега таа беше фотографирана додека оди на пазарење во кафен фустан и Christian Dior чанта.

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-03.jpg

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-02.jpg

Инаку, сите љубители на некогашниот пар Џоли-Пит се среќни што поранешните сопружници конечно успеаја да ги средат односите и Бред Пит беше фотографиран како излегува од домот на Џоли.

Извор близок до актерите вели дека причина за ова е семејната терапија која ја посетувале двајцата. Парот конечно е на подобро место по 4 години тешка битка околу старателството на 6-те деца.

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-06.jpg

„На нив дефинитивно им требаше помош за да ги средат несогласувањата околу старателството на децата и околу тоа како Бред да биде добар татко повторно, по скандалите со алкохолизмот“, вели извор близок до парот.

Но, семејството повторно го потресе скандал деновиве. Медиумите пишуваат дека Шајло избегала од домот на Џоли и наводно отишла да живее со Бред Пит и неговите родители.

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-05.jpg

Таа изминатава година постојано е во медиумите. Претходно се пишуваше дека толку многу се зближила со Џенифер Анистон што дури ја викала „мама“.

„Шајло е многу блиска и со мајка ѝ и со татко ѝ и во текот на процесот апсорбираше многу од нивната болка. Скршено ѝ е срцето и навистина ѝ недостасува семејниот начин на живот“, вели извор близок до семејството.

Наводно сакала да се потсети на вкусот на „нормалниот“ живот и избегала за да мине малку време со нејзините баба и дедо од страната на Бред, како и со братучедите.

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-04.jpg

Дали навистина Шајло избегала од дома останува да видиме.

Шајло е прво биолошко дете на парот и таа веќе долг период се облекува како момче, затоа што вели дека така се чувствува.

Уште на 8-месечна возраст доби своја восочна фигура во музејот Madame Tussauds.

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-12.jpg

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-11.jpg

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-10.jpg

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-09.jpg

andjelina-djoli-so-maska-na-shoping-dodeka-kruzhat-glasini-deka-kjerka-i-shajlo-izbegala-kaj-bred-pit-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли позира во неглиже и бањарка на балкон во Париз Облечена во неглиже и бањарка, Анџелина Џоли е префинета дама на балкон во Париз...
Бред Пит кај Анџелина Џоли дома првпат по разводот, па Џоли со маска излезе со ќерка ѝ Изгледа некогашните сопружници конечно ја закопаа воената секира - Бред мина 2 ч...
Зошто Анџелина Џоли му го прави хорор тежок разводот на Бред Пит? „Иако Џоли го прави хорор овој процес за него, тоа нема да го убеди да ѝ се врат...

Најчитани неделава