Актери на кои им се предвидуваше блескава кариера, но останаа запомнети по само една улога
Тоби Мегваер заврши одлична работа како Спајдермен, но ни тој не постигна значаен успех после трилогијата.
Пред серијата House, Хју Лори не беше многу познат надвор од Велика Британија. Оваа улога му донесе и Златен Глобус, но остана запомнат само по неа.
Џоди Фостер ја доби првата номинација за Оскар на само 14 години. Иако актерката има два Оскари, изгледа не успеа да „избега“ од улогата на Кларис Старлинг од Silence of the Lambs.
Бенедикт Камбербач се покажа како одличен Шерлок Холмс и иако оттогаш се појави во многу холивудски филмови, вклучувајќи ги и оние на Marvel, засекогаш ќе го помниме како Шерлок.
Џим Парсонс беше совршениот избор за ексцентричниот гениј Шелдон Купер и го препознаваат дури и оние кои не ја гледале серијата. За жал, освен оваа улога, не се појави во ништо позначајно.
Сите ја знаеме Ким Катрал како Саманта од Sex and the City. Всушност, нејзиниот лик е можеби и попопуларен од оној на Сара Џесика Паркер. Ким остана запомнета по серијата, но наводно, веќе и неа ѝ било „преку глава“, па одби да се појави во третиот филм направен според серијата.
Спирова С. | Црнобело