Потресна исповед на Џесика Симпсон за жената што сексуално ја злоупотребувала како дете
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Потресна исповед на Џесика Симпсон за жената што сексуално ја злоупотребувала како дете

40-годишната пејачка отворено говори за најболното искуство во нејзиниот живот и воодушевува со храброста.

potresna-ispoved-na-djesika-simpson-za-zhenata-shto-seksualno-ja-zloupotrebuvala-kako-dete-01.jpg

Џесика Симпсон уште многу одамна одлучи дека тоа што била сексуално злоупотребувана како дете нема да ја дефинира.

Се разбира, дека тоа е многу полесно да се каже, отколку да се направи, но таа дефинитивно е пример за ментална сила и одлучност.

potresna-ispoved-na-djesika-simpson-za-zhenata-shto-seksualno-ja-zloupotrebuvala-kako-dete-04.jpg

Џесика направи и огромен чекор кога годинава отворено проговори за тоа што ѝ се случувало во детството во книгата „Open Book“, каде детално го опишува искуството со жената што ја злоупотребувала, а потоа и со борбата со зависноста од алкохол и апчиња.

Сега, Симпсон открива уште детали од нејзиното трауматично искуство. Вели дека отишла во нејзиниот роден град за да се соочи лице во лице со жената што ја злоупотребувала, која била семеен пријател на нејзините родители.

potresna-ispoved-na-djesika-simpson-za-zhenata-shto-seksualno-ja-zloupotrebuvala-kako-dete-05.jpg

Секоја чест за храброста на Симпсон, која не сопира тука.

40-годишната пејачка отишла кај неа со една намера. Да ѝ каже дека нема да живее со негирање на тоа што се случило и да ѝ каже дека знае дека и таа била злоупотребувана како дете.

potresna-ispoved-na-djesika-simpson-za-zhenata-shto-seksualno-ja-zloupotrebuvala-kako-dete-06.jpg

Во интервју за американските медиуми Симпсон откри: „Пред 8 години бев да се соочам со неа. Отидов и ѝ кажав: „Знам дека знаеш што се случуваше и знам дека и ти си била сексуално злоупотребувана од постар маж... Тој исто така секогаш беше во куќата.“

Тој не ме допираше мене, но ја допираше неа и потоа таа доаѓаше и ми правеше работи на мене. Затоа на многу начини се чувствував лошо за неа и дозволував злоупотребата да се случува.“

potresna-ispoved-na-djesika-simpson-za-zhenata-shto-seksualno-ja-zloupotrebuvala-kako-dete-07.jpg

Џесика дури ѝ порачува на оваа жена да побара иста помош и третман како што добила таа, а најшокантно од сѐ е што ѝ нуди прошка.

„Знам дека имаш многу работи со кои треба да се справиш и мора да зборуваш со некого за и ти да успееш да закрепнеш. Сакам само да знаеш дека ти простувам и сакам да знаеш дека сум свесна што се случуваше меѓу нас и дека нема да живеам со негирање на тоа.“

potresna-ispoved-na-djesika-simpson-za-zhenata-shto-seksualno-ja-zloupotrebuvala-kako-dete-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шарлиз Терон за син ѝ кој носи фустани: „Моето дете за кое мислев дека е момче - е девојче“ Нејзиниот 7-годишен син носи фустани, здолништа и плетенки, а Шарлиз вели дека т...
Џесика Симпсон го покажа трудничкиот стомак во бикини неколку дена пред породување со третото дете (... Како што се наближува крајот на нејзината предизвикувачка и тешка бременост, Џес...
Дете на 65 години, 3 децении помлада сопруга - Што прави Ѕверката од „Сексот и градот“ денес? Кери Бредшо не можеше да му одолее на филмското платно, но каква убавица има пок...

Најчитани неделава