Ги терал дадилките да лажат, го пребарувал домот на готвачот - Вработените откриваат тајни за Том Круз

Анонимен маж кој бил дел од послугата во домот на Том има изјавено дека куќата на актерот морала постојано да биде беспрекорно чиста. Истовремено, актерот му нагласил дека тој треба да биде невидлив, односно актерот да не го забележи неговото присуство во домот.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-06.jpg

Можеби најчудната приказна за вработените на Том е од периодот кога се раздели со Кејти Холмс. Наводно, актерот не можел да поднесе што послугата во домот била премногу блиска со Кејт, па решил да ги отпушти сите. Изгледа дека неговите вработени не смеат да бидат во добри односи со неговите бивши.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-07.jpg

И на 58 години, Том Круз изгледа одлично, а причината за ова се вежбањето и начинот на исхрана. Кога Џенифер Петиџон работела како готвачка за актерот, тој од неа барал да користи само органски намирници и имал премногу чудни барања во врска со храната.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-08.jpg

Сепак, и покрај лошите зборови, изгледа Том инспирирал дел од неговите вработени. Пред да стане комичар, Камил Солари работела ако личен асистент на Том. Таа била презадоволна од односот на актерот и неговиот успех толку ја инспирирал, што решила самата да се обиде да започне кариера во Холивуд.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-09.jpg

Том Круз му ги отворил вратите до Холивуд и на друг вработен. Со години, Шон Ринголд бил телохранител на актерот, а токму поради тоа бил забележан од Холивуд. Поради неговиот изглед, но и бидејќи бил многу добар во својата работа, почнал да добива понуди да се појавува во разни филмови и серии.

nikoj-ne-smee-da-ja-dopira-negovata-kosa-koi-pravila-gi-sledat-vrabotenite-na-tom-kruz-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...

Најчитани неделава