По Бред Пит, и Џони Деп си фати млада германска убавица (фото)
- Детали
- петок, 04 септември 2020
Додека минува низ скандалозен развод, каде поранешната сопруга Амбер Хард го обвинува за физичко и психичко малтретирање, тој пронајде утеха во 33-годишната Германка Софи Херман.
Неодамна Бред Пит беше фотографиран на аеродром во Франција со 27-годишниот германски модел Никол Потуралски, а сега и Џони Деп го поврзуваат со една германска убавица.
Се верува дека 57-годишниот актер е во врска со 33-годишната Софи Херман. Таа е германски модел, но и актерка која се појави во шоуто „Made In Chelsea“.
Наводно, Деп и Софи се запознале случајно во некој хотел. Инаку, Софи живее во Лондон.
Џони Деп моментално минува низ тежок и скандалозен развод од поранешната сопруга Амбер Хард, каде има обвинувања за насилство.
Актерот можеби по сите скандали ќе најде среќа во љубовта со Софи.
На следната страна уште фотографии од Софи Херман...
Би можело да ве интересира:





