Таа извршила нужда во кревет, тој со урина го испишал нејзиното име на ѕид - Најбизарните моменти од бракот на Џони Деп и Амбер Херд

Ниту еден судски спор, освен оној на О’Џеј Симпсон, не предизвикал толку многу внимание во јавноста како оној помеѓу Џони Деп и британскиот таблоид The Sun.

Najbizarnite-momenti-od-brakot-na-Dzoni-Dep-Amber-Herd-01.png

Холивудската ѕвезда го тужеше списанието бидејќи го прогласија за злоупотребувач на жени и тоа на основа на изјавата на неговата поранешна жена Амбер Херд, а во моментов и двајцата ја кажуваат својата страна од приказната на суд во Лондон.

„Валканата облека“ од оваа чудна врска полека испливува на површината…

Двајцата си фрлале телефони еден кон друг, имало алкохол и дрога, физички пресметки, но и толку сурови, одмазднички потези во токсичната врска помеѓу Деп и Херд.

Амбер наводно објавила дека извршила голема нужда во креветот на Деп, а тој пак го испишал нејзиното име со урина на ѕидот додека мокрел.

Во една кавга, Амбер му откинала дел од прстот поради што Џони завршил во болница.

Во друга кавга пак, таа тврди дека Деп за малку ќе му ја откинел главата на нејзиното куче Пиштол додека го возел во својот автомобил. Таа изјавува дека во еден момент тој го отворил прозорецот и сакал да го пушти кучето низ него.

Тешко е да се докаже кој лаже, а кој ја зборува вистината, но очигледно ниту еден од партнерите не е „цвеќе за мирисање“.

За време на судењето е прикажана снимка на која Деп крши шише и ѝ вика на поранешната сопруга, очигледно под дејство на алкохол или дрога.

Тој не ја негира автентичноста на снимката, но тврди дека Амбер го испровоцирала со цел да го сними и да го искористи тоа против него.

Najbizarnite-momenti-od-brakot-na-Dzoni-Dep-Amber-Herd (1).jpg

Тој исто така тврди дека врската била од користољубие, дека таа сакала само да го искористи неговото влијание и врските кои ги има во Холивуд, а константно го изневерувала, го понижувала и физички го напаѓала. Амбер пак го прикажува како агресивен и посесивен зависник.

Сведочел и поранешниот асистент на актерот кој тврди дека Амбер е алкохоличарка која „дневно пие по 2 шишиња вино“, дека таа била агресивната во врската и дека нивниот брак уште од почетокот бил осуден на пропаст.

Џони признава дека не сакал сопругата да глуми во филм со Џејмс Франко, но со добра причина: бидејќи го изневерила со него во текот на бракот, а се шушка дека и Илон Маск е на оваа листа.

Najbizarnite-momenti-od-brakot-na-Dzoni-Dep-Amber-Herd (2).jpg

Во текот на судењето сведочеле и поранешните големи љубови на Деп – Ванеса Паради и Винона Рајдер, а и двете изјавиле дека тој е добра и неагресивна личност и дека никогаш не го доживеале со него она што го опишува Амбер.

Деп признал дека имал своја мрачна фаза во текот на врската со Амбер во периодот кога мајка му починала и имал финансиски проблеми, кои резултирале со консумирање на огромни количини дрога и алкохол, но исто така тврди дека Амбер не му помогнала со зависноста, туку напротив, му ја поттикнувала.

„Таа е социопат, има нарцисоидно нарушување и само една желба: да ми го упропасти животот“, констатирал актерот кој се надева дека на судењето ќе успее да докаже дека Амбер е вистинскиот злоупотребувач, а не тој.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg