„Што е со џиновското стапало?“ – Џорџина Родригез се најде во Фотошоп скандал

На најновата фотка од Џорџина облечена во секси бикини, фановите се сомневаат на фотошопирање, бидејќи стапалото ѝ изгледа џиновски, во споредба со другите фотки.

shto-e-so-dzhinovskoto-stapalo-dzhordzhina-rodrigez-se-najde-vo-fotoshop-skandal-1.jpg

Џорџина Родригез, девојката на познатиот фудбалер Роналдо, им покажа на фановите како се подготвува за фотосесија.

26-годишната бринета во понеделникот сподели фотографија на која мејкап артистот ѝ ја средува шминката за фотосесијата за PrettyLittleThing. Џорџина носи жолто бикини со зебра принт кое одлично ги нагласува нејзините облини, а во преден план се нејзините нозе.

Но, она што е поинтересно за фотографијата се коментарите на некои фанови. Некои од нив се изненадени од големината на стапалата на Џорџина, па дури и ја обвинуваат дека користи премногу Фотошоп.

„А тоа џиновско стапало? Премногу Фотошоп“, напишал еден фан.

Некои почнале и да ги споредуваат стапалата на Џорџина од други фотографии и дошле до заклучок дека таа сепак нема „џиновски“ стапала, што докажува дека познатиот модел најверојатно користи Фотошоп. Сепак, не може да се исклучи можноста дека се работи и само за погрешен агол на фотографирање.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Џорџина периодов го помина со Кристијано и нивните деца, а најголем дел од времето уживаа на плажа и на јахта.

Покрај бројните фотки од папараците, и Џорџина редовно објавува фотографии и видеа од нивните семејни собири.

Во јануари Џорџина ги разгори гласините дека е во брак со Кристијано, откако го нарече „сопруг“ во објава за нејзиниот 26-ти роденден. Иако некои медиуми се обиделе и да го контактираат фудбалерот во врска со овие вести, тој одбил да коментира.

И самите ќе забележите дека Џорџина и Кристијано изгледаат навистина вљубено, но сè уште не знаеме дали ќе го направат, или веќе го направиле следниот чекор во нивната врска.

Повеќе фотки од парот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Роналдо и Џорџина го покажаа раскошниот дом и колку се вљубени (по гласините за проблеми во врската) Џорџина Родригез позира во полутанга бикини во провокативна поза, а Роналдо пока...
Вирална фотка од Џорџина: Ирански весник со лош Фотошоп ѝ го „отстрани“ задникот По виралната фотка со лошиот Фотошоп Џорџина објави видео од тренингот со нејзин...
Џорџина Родригез со масивен накит и чудни чевли сака да донесе гламур на Филмскиот фестивал во Венец... Џорџина Родригез со масивниот чокер ѓердан со скапоцени камења и овојпат сака да...
Џорџина Родригез на Инстаграм среќна, во живо пак намќореста кога Роналдо ѝ се обраќа на одморот во ... „Што е првото нешто што го видовте?“ –  ги прашува твитерџиите Џорџина Родр...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg