Кои се бившите на Леонардо ди Каприо (и што мислат за него)?

Се сеќавате ли дека Леонардо беше во врска со Блејк Лајвли? А, знаете ли дека една бивша девојка има кажано дека бил „многу лош во кревет“?

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-01.jpg

Со години наназад Леонардо ди Каприо важи за „вечниот ерген“ во Холивуд, но познат е и како актер кој не сака девојки постари од 25 години.

Низ годините бил поврзуван со бројни славни жени, особено модели.

Бидејќи неговите бивши се многу на број, ние ќе ги издвоиме само девојките со кои Лео сигурно имал врска, односно кои не се само шпекулации.

Па, кои се бившите девојки на познатиот актер?

Блејк Лајвли

Можеби не се сеќавате, но во 2011-та, Блејк Лајвли и Леонардо ди Каприо беа во врска која траеше околу пет месеци. Тие немаат кажано ништо за нивната врска, иако честопати беа забележувани заедно во јавност.

Откако раскинаа, нивен познаник откри дека имале чудна навика како пар – Блејк имала некаква кукла, па каде и да одела, ја фотографирала за Лео.

На пример, ако одела во ресторан, ја фотографирала куклата во ресторанот.

„Блејк како да беше пред сите. Ова се случуваше пред Инстаграм, но таа го документираше својот живот преку фотографии, за Лео“, вели познаникот.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-02.JPG

Жизел Бундшен

Пред бракот со Том Брејди, Жизел Бундшен беше во врска со Леонардо ди Каприо.

Подоцна самата изјави дека нивната врска била „осудена на пропаст“, но сепак има само добри зборови за актерот.

„Лео е прекрасна личност… Уште зборуваме понекогаш, а мајка му ми е добра пријателка. Многу се грижи за природата и му се восхитувам за тоа. Кога бевме заедно, бевме многу млади и заедно созревавме.

Но, не беше пишано да бидеме пар. Сепак, многу го ценам и му посакувам сè најдобро“, откри моделот пред неколку години.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-03.JPG

Бар Рафаели

Неколку години, Леонард и Бар Рафаели беа пар и во тој период многупати раскинуваа и се смируваа. А, додека траеше ова, актерката воопшто не сакала да оди со него на црвениот тепих.

„Едноставно, не сакав да се појавувам фатена за рака со него. Не гледам причина за тоа. Не мора да позирам со него пред камерите… Никој не мора да знае како ни е приватно“.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-04.JPG

Нина Агдал

Леонардо и моделот Нина се гледа околу една година, во периодот 2016-2017.

Ова беше една од подолгите врски на Лео, но Нина вели дека сфатила дека тој не е подготвен за нешто сериозно и затоа раскинале.

„Тој не е подготвен да се смири и мислам дека не сака да се венча, ниту пак да има деца“.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-05.JPG

Кели Рорбах

Леонардо беше во врска со Кели Рорбах во периодот пред да почне со кампањата за конечно да освои Оскар (што на крај и го доби). На почетокот од 2016-та, кога ја доби номинацијата за улогата во The Revenant, тој ѝ раскина на Кели.

Бидејќи Кели требаше да добие улога во филмот Baywatch, се шпекулираше дека Леонардо ја оставил за да не го засени во период кога се бореше за престижната награда.

Исто така, актерот наводно не сакал луѓето да се фокусираат на неговиот љубовен живот, туку само на неговата кариера.

Сепак, извор близок до актерот тврди дека раскинале бидејќи и двајцата биле премногу зафатени за врска.

koi-se-bivshite-na-leonardo-di-kaprio-i-shto-mislat-za-nego-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Виралните и најсмешните моменти на Леонардо ди Каприо на Златни глобуси (кои го претворија во меме) Смешните реакции и гестикулации од годинава, но и моментот кога се исплаши од Ле...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg