Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Здраво Бред, мислам дека си многу секси“ – Анистон и Пит читаат заедничка филмска сцена (видео)

После речиси 15 години од нивниот развод, Бред Пит и Џенифер Анистон соработуваа на ист проект, и тоа за добротворни цели.

zdravo-bred-mislam-deka-si-mnogu-seksi-aniston-i-pit-zaedno-chitaat-scena-od-film-za-dobrotvorni-celi-video-03.jpg

Неодамна, Бред и Џенифер ги израдуваа фановите со соработката на еден виртуелен проект. Станува збор за читање на сцени од филмот Fast Times at Ridgemont High, кое е организирано од непрофитната организација на Шон Пен – Community Organizer Relief Effort.

Покрај Бред и Анистон, во читањето учествуваа некои од најголемите имиња во светот на шоу-бизнисот, како Морган Фримен, Џон Леџенд, Џулија Робертс и Шон Пен. Настанот беше организиран со цел да се соберат средства за борбата против пандемијата со корона вирусот.

zdravo-bred-mislam-deka-si-mnogu-seksi-aniston-i-pit-zaedno-chitaat-scena-od-film-za-dobrotvorni-celi-video-02.jpg

zdravo-bred-mislam-deka-si-mnogu-seksi-aniston-i-pit-zaedno-chitaat-scena-od-film-za-dobrotvorni-celi-video-04.jpg

Џенифер ја имаше улогата на Линда Барет, а нејзиниот поранешен сопруг ја презеде улогата на Бред Хамилтон. Актерите ја читаа сцената каде што Линда, ликот на Џенифер, го начекува ликот на Бред како мастурбира. Во меѓувреме, Морган Фримен е нараторот.

„Здраво Бред, знаеш дека отсекогаш мислев дека си сладок. Мислам дека си многу секси“, почнува репликата на Анистон.

И самите можете да забележите дека Бред не останува рамнодушен на овие зборови и се насмевнува, без разлика што станува збор за глума.

На почетокот од видеото, пак, поранешните партнери си разменуваат и неколку зборови:

„Здраво Анистон“
„Здраво Пит“
„Како си?“
„Супер миличок, како си ти?“
„Добар сум“

Ова е првпат после нивниот развод Бред и Џенифер да соработуваат, па не е ни чудно што фановите се радосни.

Претходно, годинава тие беа фотографирани зад сцената на доделувањето на SAG наградите – уште еден настан што вистински ги израдува фановите, најмногу заради нежностите кои си ги разменија.

zdravo-bred-mislam-deka-si-mnogu-seksi-aniston-i-pit-zaedno-chitaat-scena-od-film-za-dobrotvorni-celi-video-05.jpg

Познатиот пар се раздели во 2005-та, а после разводот на Бред и Анџелина во 2016-та се чини дека тие станале добри пријатели. Иако можеби воопшто не планираат да ѝ дадат уште една шанса на нивната врска, ваквите ситуации им даваат надеж на фановите.

Целото видео од виртуелното читање:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=45&v=RPMvkjP3y5g&feature=emb_logo

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
Бред Пит на насловната на GQ во чизми од 4.500$ - прозборе и за разводот од Џоли: „Не беше ништо пос... Откако Анџелина Џоли пред 8 години поднесе барање за развод од Бред Пит, сега, в...
„Некој мора да му помогне“ - Фановите се загрижени за Џастин Бибер - си ги чеша нозете, се однесува ... Откако Пи Диди беше уапсен, а меѓу претпоставките се дека и Џастин Бибер како де...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg