Бред Пит на насловната на GQ во чизми од 4.500$ - прозборе и за разводот од Џоли: „Не беше ништо посебно“
- Детали
- четврток, 29 мај 2025
Откако Анџелина Џоли пред 8 години поднесе барање за развод од Бред Пит, сега, во интервју за магазинот GQ, тој првпат прозборе на оваа тема, велејќи дека „не чувствува посебно олеснување“ и дека разводот „не бил ништо посебно“, а на фотосесијата покажа нов секси имиџ.
На само неколку дена пред премиерата на неговиот нов филм F1, Бред Пит се најде на насловната страница на најчитаното лајфстајл списание за мажи, GQ.
Фотографиран во неколку различни изданија и локации, Бред покажа дека старее како добро вино, а дека проседата коса и брада му стојат подеднакво добро како и на неговиот најдобар пријател од Холивуд, Џорџ Клуни.
Бред позира на мотор, во работничко (механичарско) одело, но и во целосни црни панталони, стилизирани со гумени ракавици, плетено капче, накит и кожени чизми од 4.500 долари, кои во моментов се хит меѓу холивудските актери.
Покрај фотосесијата, Пит има и големо интервју за магазинот, во кое зборува на различни теми, вклучувајќи го разводот од Анџелина Џоли.
Ова е првпат по 8 години актерот да искоментира нешто на оваа тема, а се случува неколку месеци откако разводот беше финализиран кон крајот на 2024 година.
Па на прашањето на новинарот „дали му олеснило што овој период е зад него“, Бред вели:
„Па не. Не беше ништо посебно. Само нешто што конечно созреа. Во правна смисла“.
Пит зборува и за тоа дека во последните 30 години, неговиот живот бил постојано изложен во медиумите и дека често читал работи за себе, иако дел од нив не се точни.
Меѓу работите за кои разговараат е и филмот F1, кој ќе ја има својата премиера на 27 јуни, а каде Пит глуми возач-ветеран кој почнува да вози во формула 1 тим заедно со млад, неискусен, а надмен возач.
Тој признава дека овој филм му го вратил еланот кон актерството по долги години.
„Одамна го правам ова и се прашував дали имам уште приказни за раскажување, дали имам да додадам уште нешто, дали и понатаму можам да најдам возбуда во глумата. Но, овој филм ми го обнови тоа чувство на возбуда“ - рекол Бред.
Погледнете го трејлерот за F1:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





