Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Никол Потуралски (27) го остави Бред Пит и му се врати на 68-годишниот сопруг, со кој е во отворен брак

Летово дознавме дека Бред Пит си фатил многу помлада девојка, моделот Никол Потуралски, која има и сопруг. Сега, пак, првпат откако светот дозна за нивната афера, Никол беше забележана со сопругот.

nikol-poturalski-devojkata-na-bred-pit-povtorno-vo-pregratkite-na-soprugot-foto-01.jpg

Откако беа забележани на одмор во Франција, целиот свет дозна за врската на Никол Потуралски и Бред Пит. Покрај огромната возрасна разлика, она што привлече најмногу внимание е фактот дека Никол е во брак.

nikol-poturalski-27-go-ostavi-bred-pit-i-mu-se-vrati-na-68-godishniot-soprug-so-koj-e-vo-otvoren-brak.jpg

Сопругот на 27-годишната Никол, Роланд Мери, е постар и од Бред Пит – има 68 години. А, сега изгледа Никол повторна се вратила во неговите прегратки.

nikol-poturalski-devojkata-na-bred-pit-povtorno-vo-pregratkite-na-soprugot-foto-04.jpg

Таа и Роналд беа забележани во Берлин, како излегуваат од ресторан што го поседува Роналд. Парот бил во друштво на неколку пријатели.

nikol-poturalski-devojkata-na-bred-pit-povtorno-vo-pregratkite-na-soprugot-foto-02.jpg

nikol-poturalski-devojkata-na-bred-pit-povtorno-vo-pregratkite-na-soprugot-foto-03.jpg

Ова е првпат Никол да биде забележана со сопругот откако се дозна за нејзината врска со 56-годишниот Бред. Наводно, Никол е во отворен брак, а со Роналд има и 7-годишен син.

Според изворите, на Роналд воопшто не му било грижа што сопругата има афера со холивудскиот заводник и не љубоморел.

„Роналд е филозоф. Тој беше во брак неколкупати и има пет деца. Не е заинтересиран за негативност или љубомора“, има изјавено негов близок пријател.

nikol-poturalski-devojkata-na-bred-pit-povtorno-vo-pregratkite-na-soprugot-foto-05.jpg

Роналд е сопственик на неколку ресторани, а Никол и Бред се запознале во еден од нив. Актерот и Роналд, пак, се познавале со години.

nikol-poturalski-devojkata-na-bred-pit-povtorno-vo-pregratkite-na-soprugot-foto-06.jpg

Бидејќи Никол се соочи со многу критики поради аферата со Бред, реши да се огласи на темата:

„Се прашував зошто луѓето оставаат коментари полни со омраза? Зошто? Која ви е целта? Воглавно, сакам да сфатам како размислувате. Бидејќи не ве разбирам. Толку е неучтиво и тажно за оние кои коментираат“.

nikol-poturalski-devojkata-na-bred-pit-povtorno-vo-pregratkite-na-soprugot-foto-07.jpg

Бред, од друга страна, нема кажано ништо, но според изворите бил реалистичен за врската со Никол – живеат во различни држави, а тој имал еден куп семејни проблеми за средување, па не очекувал ништо сериозно.

nikol-poturalski-devojkata-na-bred-pit-povtorno-vo-pregratkite-na-soprugot-foto-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg