Анџелина Џоли не се дели од омилените влечки и во есен + детали за неа и Бред Пит од поранешен вработен (фото)


Анџелина Џоли не се дели од омилените влечки и во есен + детали за неа и Бред Пит од поранешен вработен (фото)

На прошетка со 12-годишната ќерка Вивиен, Џоли (45) без шминка повторно докажува дека е вистинска убавица.

andjelina-djoli-ne-se-deli-od-omilenite-vlechki-i-vo-esen-detali-za-nea-od-poraneshen-vraboten-foto-01.jpg

Анџелина Џоли е препознатлива по тоа што во стајлинзите сака неутрални тонови и минимализам. Во последно време не се дели од заштитната маска за лице, што е за секоја пофалба, но и од омилените влечки од брендот „Valentino Vlogo“, ги носи дури и на есен.

Таа со 12-годишната ќерка Вивиен беше фотографирана пред Starbucks во Лос Анџелес.

45-годишната актерка уште е на суд со поранешниот сопруг Бред Пит околу старателството за децата и дефинитивно е дека нивните деца ќе бидат со Бред за Божиќ годинава.

За своите деца во една пригода Џоли изјави: „Некои сакаат да го злоупотребат моето молчење и моите деца гледаат лаги за нив во медиумите, но јас ги потсетувам дека тие ја знаат нивната вистина. Всушност, тие се многу силни и многу храбри млади луѓе.“

И додека синот Медокс веќе има 19 години и влегува во возрасни личности, парот има уште 5 малолетни деца за кои се води легална битка.

andjelina-djoli-ne-se-deli-od-omilenite-vlechki-i-vo-esen-detali-za-nea-od-poraneshen-vraboten-foto-07.jpg

andjelina-djoli-ne-se-deli-od-omilenite-vlechki-i-vo-esen-detali-za-nea-od-poraneshen-vraboten-foto-06.jpg

andjelina-djoli-ne-se-deli-od-omilenite-vlechki-i-vo-esen-detali-za-nea-od-poraneshen-vraboten-foto-04.jpg

andjelina-djoli-ne-se-deli-od-omilenite-vlechki-i-vo-esen-detali-za-nea-od-poraneshen-vraboten-foto-02.jpg

Инаку, неодамна во медиумите проговори Марк Били Билингем, поранешен вработен кај славниот пар. Били работел како телохранител и вели дека било супер да се работи за Бред и Џоли и дека најголемата грижа на парот била безбедноста на нивните деца.

andjelina-djoli-ne-se-deli-od-omilenite-vlechki-i-vo-esen-detali-za-nea-od-poraneshen-vraboten-foto-05.jpg

„Најмногу се грижеа некој да не ги киднапира децата за потоа да им бара откуп“, изјави Били кој работел 18 месеци за славниот пар.

Тој додава дека најмногу го воодушевувало како Џоли и Пит одлично менаџирале со времето и пронаоѓале време за сѐ, од семеен живот, па до хуманитарна работа.

andjelina-djoli-ne-se-deli-od-omilenite-vlechki-i-vo-esen-detali-za-nea-od-poraneshen-vraboten-foto-03.jpg

andjelina-djoli-ne-se-deli-od-omilenite-vlechki-i-vo-esen-detali-za-nea-od-poraneshen-vraboten-foto-09.jpg

Погледнете кога Џоли повторно ги носеше омилените влечки - Анџелина Џоли е сосема „обична“ мајка кога оди на пазарење во маркет со децата (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли позира во неглиже и бањарка на балкон во Париз Облечена во неглиже и бањарка, Анџелина Џоли е префинета дама на балкон во Париз...
Зошто Анџелина Џоли му го прави хорор тежок разводот на Бред Пит? „Иако Џоли го прави хорор овој процес за него, тоа нема да го убеди да ѝ се врат...
Анџелина Џоли со маска на шопинг, додека кружат гласини дека ќерка ѝ Шајло избегала кај Бред Пит Првото биолошко дете на Џоли и Пит кое е девојче, но вели дека се чувствува како...

Најчитани неделава