Сарп од турската хит-серија „Инсајдер“ му станува сосед на „турскиот Бред Пит“ - Како изгледа новата куќа на Чагатај Улусој?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сарп од турската хит-серија „Инсајдер“ му станува сосед на „турскиот Бред Пит“ - Како изгледа новата куќа на Чагатај Улусој?

Според турските медиуми, глумецот Чагатај Улусој (за нас познат како Сарп од серијата „Инсајдер“) изморен од плаќање месечна кирија од 16.000 лири (1765 евра), решил да купи куќа и тоа токму во соседството на неговиот колега и пријател Киванч Татлитуг, кој го нарекуваат турскиот Бред Пит.

sarp-od-insajder-mu-stanuva-sosed-na-turskiot-bred-pit-kako-izgleda-novata-kukja-na-akterot-chagataj-ulusoj-01.jpg

Овие двајца супер-згодни и успешни турски актери, ѕвезди на најпопуларните турски серии се долгогодишни пријатели. Покрај тоа што соработуваат на неколку проекти исто така редовно се дружат и одат на одмор заедно. Сега се чини ќе станат уште поблиски со оглед на тоа дека ќе бидат соседи.

sarp-od-insajder-mu-stanuva-sosed-na-turskiot-bred-pit-kako-izgleda-novata-kukja-na-akterot-chagataj-ulusoj-02.jpg

Чагатај за македонската публика во моментов е актуелен со улогата на Сарп во мега-популарната серија „Инсајдер“ на туската продукциска куќа Ay Yapim која е меѓу најголемите продукции во светот.

sarp-od-insajder-mu-stanuva-sosed-na-turskiot-bred-pit-kako-izgleda-novata-kukja-na-akterot-chagataj-ulusoj-00.jpg

Успехот на „Инсајдер“ го покажува фактот дека е најгледана турска серија онлајн во над 50 земји. Инсајдер ја следи приказната на двајца браќа Сарп Јилмаз (Чагатај Улусој) и Умут Јилмаз (толкуван од Арас Булут Инемли) кои биле разделени како деца и се среќаваат многу години подоцна, но се на спротивните страни на законот.

sarp-od-insajder-mu-stanuva-sosed-na-turskiot-bred-pit-kako-izgleda-novata-kukja-na-akterot-chagataj-ulusoj.jpgЧагатај Улусој

Куќата што ја разгледувал и планира да ја купи 30-годишниот Чагатај, во маалото на турскиот Бред Пит (Киванч Татлитуг) според медиумите е прекрасна, пространа вила и чини 5 милиони лири или околу половина милион евра.

sarp-od-insajder-mu-stanuva-sosed-na-turskiot-bred-pit-kako-izgleda-novata-kukja-na-akterot-chagataj-ulusoj-04.jpg

sarp-od-insajder-mu-stanuva-sosed-na-turskiot-bred-pit-kako-izgleda-novata-kukja-na-akterot-chagataj-ulusoj-4.jpgКиванч Татлитуг

На снимањето на „Инсајдер“, Чагатај ја запозна и својата љубов, Дујгу Сарсин. По гласините дека раскинале па потоа дека се смириле, при едно скорешно интервју на Чагатај му беше поставено прашањето: „Со Дујгу Сарсин сте во врска на далечина. Како оди? Дали врската меѓу двајца актери е рецепт за совршена хармонија или знае повремено да биде многу тешко? “

Чагатај одговори: „Супер сме, сè е ОК. Начинот на кој ја разбирам љубовта се менува со годините или како што рекол Хемингвеј: Најубаво нешто во животот е да имате една личност која ги знае сите ваши маани и се уште мисли дека сте прекрасен.”

sarp-od-insajder-mu-stanuva-sosed-na-turskiot-bred-pit-kako-izgleda-novata-kukja-na-akterot-chagataj-ulusoj-05.jpgЧагатај Улусој и Дујгу

Сепак тој не откри дали планира во новата куќа да се всели заедно со Дујгу.

Одличната хемија меѓу Чагатај и Дујгу е евидентна во серијата „Инсајдер“, уживајте во нова епизода секој ден од 19.55 часот на TDC Macedonia.

Предлози за уште 5 турски серии на Netflix чии епизоди со задоволство ќе ги гледате

Би можело да ве интересира:

Бред Пит кај Анџелина Џоли дома првпат по разводот, па Џоли со маска излезе со ќерка ѝ Изгледа некогашните сопружници конечно ја закопаа воената секира - Бред мина 2 ч...
По Бред Пит, и Џони Деп си фати млада германска убавица (фото) Додека минува низ скандалозен развод, каде поранешната сопруга Амбер Хард го обв...
Се шпекулира: Анџелина Џоли ќе стапи во брак со анонимен маж? Само затоа што разводот меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит не е финализиран не значи ...

Најчитани неделава