Што добива Ким по разводот од Канје, според предбрачниот договор?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што добива Ким по разводот од Канје, според предбрачниот договор?

Официјално беше објавено дека Ким поднела барање за развод од Канје, по 6 години брак, а на светските медиуми се објавуваат информации околу нивниот предбрачен договор и што наводно добива Ким по разводот. 

kako-glasi-predbracniot-dogovor-na-kim-i-kanje-001.jpg

Парот се разведува наводно затоа што веќе подолго време „живеат одвоени животи.“

Но, што е со богатството кое што го стекнаа за време на бракот? Што добива Ким, а што останува за Канје?

kako-glasi-predbracniot-dogovor-na-kim-i-kanje-1.jpg

The Sun пренесува дека Канје се согласува на заедничко растење на децата, а што се однесува до предбрачниот договор, Канје во 2014-та сметал дека нема потреба од такво нешто.

Сепак, пред да стапат во брак, адвокатите им составиле договор според кој во случај на развод, наводно:

Ким добива по 1 милион долари за секоја година која ја поминале во брак. 

Ким го добива домот во Bel Air, кој е на нејзино име, иако Канје вложувал во него.

kako-glasi-predbracniot-dogovor-na-kim-i-kanje-2.jpg

Ким ги задржува сите скапи подароци – Cartier бразлетните кои чинат просечно по 35.000 долари една, Hermes чантата која е проценета на 40.000 долари и неонскиот Mercedes-Benz проценет најмалку 227.000 долари.

kako-glasi-predbracniot-dogovor-na-kim-i-kanje-6.jpg

kako-glasi-predbracniot-dogovor-na-kim-i-kanje-4.jpg

kako-glasi-predbracniot-dogovor-na-kim-i-kanje-3.jpg

Исто така, Ким ги задржува вереничките и венчалните прстени, купени по ограбувањето во Париз, каде ѝ беше украден оригиналниот прстен од 4,5 милиони.

kako-glasi-predbracniot-dogovor-na-kim-i-kanje-5.jpg

На нејзина сметка остануваат и сите заработки од брендовите кои ги развиваше изминатите години SKIMS и KKW.

Ким останува и како лице за исплата на една од животните полиси на Канје, проценета на 20 милиони долари, дури и откако тие ќе се разведат.

Сега за сега, не се знае дали Канје добива нешто од нејзина страна.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Развод по 25 години, афера со мажена жена: Која е љубовницата на Џеф Безос? Само неколку часа пред американските медиуми да ја обелоденат неговата љубовна а...
На 50 години, во патики и хеланки Џеј Ло одржа лекција за сексапил Џенифер Лопез е доказ дека годините не ви можат ништо доколку посветено работите...
Ким им се придружи на Кортни и бившиот - со децата на одмор во Костарика (фото) Ким Кардашијан со ќеркичката Норт им се придружи на Кортни и нејзиниот бивши, Ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg