„Лошото момче“ од Евровизија ја размрда Европа: Бившите девојки и скандалите на Дамиано Давид (22) од Måneskin
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


„Лошото момче“ од Евровизија ја размрда Европа: Бившите девојки и скандалите на Дамиано Давид (22) од Måneskin

Скандалозен, но едновремено магичен за многу припаднички на спротивниот пол. Кој е Дамиано Давид, 22-годишното момче што со лак на ноктите, високи потпетици и скандалозно однесување ја освои Европа?

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-01.jpg

Водечкиот пејач на италијанскиот бенд Måneskin, Дамиано Давид (22), стана познат како „лошото момче од Евровизија“.

Од лакот на ноктите и високите потпетици на настапот до скандалозното однесување во бекстејџ и наводното консумирање на дрога, тој ги полни медиумите веќе извесен период по победата на Евровизија.

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-22.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-05.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-04.jpg

Но, по спроведената истрага од Европската унија за радиодифузија (ЕБУ) и тестирањето за дрога, се докажа дека Дамиано е чист и не консумирал кокаин на финалната ноќ, како што изгледаше на една од фотографиите и видеото од настанот.

„Дрога не се користело во Зелената соба на Евровизија 2021 и го сметаме случајот за затворен“, изјавија од ЕБУ.

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-08.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-19.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-17.jpg

Басистката на бендот Викториjа де Ангелис изјави: „Нѐ прави тажни затоа што се обидовме да пренесеме позитивна порака. Никогаш не сме користеле дрога и не сакаме да испратиме таква порака.“

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-07.jpg

Рок бендот, кој од свирење на улица стигна до победа на Евровизија на чело со Дамиано изјави: „Неверојатно е кога ќе погледнеме наназад на нашето патување. Комплетно сме исполнети. Не можеме да ви објасниме колку сме среќни. Сѐ што направивме би го направиле одново.“

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-12.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-21.jpg

Демиано Давид е роден на 8-ми јануари 1999 година во Рим,  Италија и познат е како рок пејач, текстописец и инфлуенсер. Висок е 180 сантиметри и тежок 75 килограми. Роден е во традиционално христијанско семејство, но не открива многу детали за неговиот семеен живот.

Како изгледал Давид во младоста:

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-25.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-24.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-23.jpg

Шармантниот Дамиано кој го привлече вниманието на јавноста со скандалозното однесување, веќе 4 години е во љубовна врска со италијанскиот модел и инфлуенсерка Џорџа Солери (25), но парот ја откри врската само неколку седмици пред Евровизија со опис на фотката: „По 4 години заедно, можеме да кажеме, зарем не?“

Инаку пред тоа кружеа гласини за сексуалноста на Дамиано.

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-10.jpg

Тој ги збуни фановите и со бакнежите со членовите од бендот на Евровизија.

Инаку, во Италија извесен период се мислело дека се состанува со колешката од бендот Викторија затоа што објавувал постојано заеднички фотографии со неа.

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-14.jpg

Пред тоа се состанувал со црнокоса девојка по име Лукреција Петрака.

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-09.jpg

Членовите на бендот го напуштиле училиштето за да се концентрираат на музиката, а на италијанската јавност ѝ го привлекле вниманието за првпат на италијанското музичко натпреварување X-Factor. Дамиано уште тогаш при некои настапи се соблекувал на сцената и танцувал на шипка.

Бендот во Италија се соочил и со обвиненија за плагијатура на песната „Zitti e Buoni“ со која победија на Евровизија. Во март кога победија на престижниот San Remo и се квалификуваа за на Евровизија беа обвинети за големи сличности со италијанската песна F.D.T. од дуото Anthony Laszlo од 2015 година. Но, по техничките испитувања обвиненијата беа отфрлени.

Членовите на бендот Дамиано, Викторија и гитаристот Томас се запознале во училиште и го формирале бендот во 2015 година, додека четвртиот член Торхио го нашле преку Фејсбук објава.

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-06.jpg

Повеќе фотки од Дамиано Давид:

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-16.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-13.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-11.jpg

loshoto-momche-od-evrovizija-ja-razmrda-evropa-bivshite-devojki-i-skandalite-na-damiano-david-22-od-m-neskin-02.jpg

Инстаграм фотки од Дамиано Давид на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој е Лука Сабат, 20-годишното момче со кое Кортни Кардашијан го замени згодниот бивши? Извесно време се шушка за новото момче на 39-годишната Кортни Кардашијан, коe е ...
Мадона (61) со 25-годишното момче во Париз по падот на настап (фото) 61-годишната пејачка моментално е на турнеја, а на настапот во Париз се расплака...
Ирина Шајк шета со ќеркичката и го игнорира новото момче Вито Шнабел? Дали е случајност што плејбојот и бивш партнер на Хајди Клум и Амбер Херд трча т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg