Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бурак Озџивит, познат како Бали Бег, со фотографија со црнокоса убавица поттикна лавина од коментари на Инстаграм

Оние што го следат турскиот актер Бурак Озџивит на социјалните мрежи деновиве останаа збунети откако тој објави фотографија со атрактивна црнокоса девојка. Сите се прашуваа која е девојката и каде е неговата сопруга Фахрије Евџен.

Koja-e-devojkata-na-fotografijata-so-bali-beg-burak-ozdzivit-i-sestra-mu-si-lichat-kako-jajce-na-jajce-01.jpg

Бракот помеѓу Бурак и Фахрије често е на мета во турските медиуми. Иако двојката ужива во заедничкиот живот и во одгледувањето на синот Каран, медиумите често знаат да „ги разведуваат“ или да пишуваат за некакви брачни кризи.

Така, откако актерот објави ретка фотографија со сестра му Бурџун Озџивит и до неа напиша „Canımıniçi“ („Душичка“), дел од фановите останаа збунети.

Сепак, откако беше разјаснето дека згодната црнокоса девојка всушност е неговата сестра, најголем дел од коментарите беа сконцентрирани на тоа колку многу си личат братот и сестрата.

Koja-e-devojkata-na-fotografijata-so-bali-beg-burak-ozdzivit-i-sestra-mu-si-lichat-kako-jajce-na-jajce-02.jpg

Изгледа Бурак е совршен во секој поглед, покрај што е згоден и атрактивен, тој е и верен сопруг и грижлив татко, па нема место за пишување за некакви брачни кризи.  

Инаку, Бурџун во 2015-тата година стана мајка, па така малиот Каран има преслатка шестгодишна прва братучетка од неговата тетка.

Повеќе фотографии од сестрата на актерот во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Сестрата и мајката на Мараја Кери починале во ист ден: „Срцето ми се крши за оваа трагедија“ Изминатиот викенд, починале мајката и сестрата на Мараја Кери, а тажните вести г...
Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Тајно ја зјапав, беше многу згодна“ – Тревис Баркер бил загреан за Ким, пред да се вљуби во сестра ... „Постојано скришно зјапав во Ким, не ми е гајле ако таа е гардероберка, многу е ...
Шајло Џоли прегрната со девојка, по шпекулациите дека ќе го менува полот - Која е наводната партнерк... Откако во јавноста се појавија фотки на кои девојка ја прегрнува околу половинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg