Само Опра од познатите дами е побогата од неа: Како Ријана стана милијардерка?

Според официјалните податоци на „Форбс“ Ријана стана најбогатата пејачка и нејзиното богатство се проценува дека тежи 1,7 милијарди долари.

samo-opra-e-pobogata-zhena-izveduvach-od-nea-kako-rijana-stana-milijarderka-01.jpg

Според податоците на „Форбс“ Ријана во моментов е најбогатата пејачка во светот, а кога станува збори за жените изведувачи, само Опра е побогата од неа, со богатство од 2,7 милијарди долари.

Ријана стана позната како пејачка, но богатството го заработила од другите бизниси. Најголемиот профит убавицата од Барбадос го заработила преку нејзините модни брендови Fenty Beauty и Savage x Fenty.

Имињата и на двете компании го носат нејзиното вистинско презиме Фенти. Ријана, односно Робин Фенти во 2017-тата ја започна приказната на Fenty Beauty, а нејзина цел била да креира козметичка компанија што ќе направи жените насекаде да се чувствуваат вклучени. Можеби, воопшто и не очекувала дека токму овој бренд ќе ѝ донесе големо богатство и ќе ја означи како милијардерка.

Таа денес поседува околу 50% од компанијата Fenty Beauty, а од неа досега заработила околу 1,4 милијарди долари. Од компанијата за долна облека Savage x Fenty заработила околу 270 милиони долари, а другите пари се од нејзините настапи како пејачка и актерка.

Ријана не е многу често присутна на социјалните мрежи, но големиот број следбеници ѝ овозможуваат мошне успешно самата да ги рекламира сопствените производи и се смета дека таа досега е најуспешната пејачка што успеала да изгради сопствен бренд за убавина.

Погледнете дел од нејзините фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Ријана првпат го покажа вториот син - ужива во интимна семејна атмосфера со сопругот и двете деца „Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни при... Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg