Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Наталија Брајант за Коби: „Тешко ми е кога говорам за татко ми, но сакам да го правам тоа“

„Тој беше татко каков што би посакало секое девојче. Тешко е, но многу сакам да говорам за него“ – вели најстарата ќерка на Коби и Ванеса Брајант, Наталија (18).

natalija-brajant-za-kobi-teshko-mi-e-koga-govoram-za-tatko-mi-no-sakam-da-go-pravam-toa-01.jpg

Најстарата ќерка на Ванеса и Коби Брајант, Наталија Брајант веќе има 18 години, а оваа есен започна да оди во колеџ, на University of Southern California, каде ќе студира филмски уметности. Таа се појави на насловната страница на Teen Vogue, а даде и одговори на повеќе прашања што се однесуваат на неа, на нејзиниот приватен живот, но и за тоа кои се нејзините планови за во иднина.

natalija-brajant-za-kobi-teshko-mi-e-koga-govoram-za-tatko-mi-no-sakam-da-go-pravam-toa-03.jpg

НБА легендата Коби Брајант и Џиана Брајант починаа во страшна хеликоптерска несреќа на 26.01.2020 година само една недела по 17-иот роденден на Наталија.

natalija-brajant-za-kobi-teshko-mi-e-koga-govoram-za-tatko-mi-no-sakam-da-go-pravam-toa-02.jpg

Сега, една година подоцна Наталија го продолжува образованието, а дополнително е заинтересирана и за тоа да биде модел.

Иако во минатото мошне сакала да се занимава со спорт, особено со одбојка, таа признава дека по несреќата се откажала од тоа.

„Го сакам спортот. Се откажав од одбојката по несреќата затоа што... Многу работи се случуваа во тоа време. Знам дека... Не ја сакав одбојката така како што тие (Коби и Џиана) ја сакаа кошарката“ – вели таа.

Она што го забележува Данјел Смит, авторот на интервјуто за Teen Vogue е дека Наталија кога говори за нејзината сестра Џиана, сè уште говори во сегашно време, како таа да е тука.

Наталија себеси се оценува како „дружељубив интроверт“, затоа што сака да разговара со луѓе, но во суштина многу повеќе сака да биде дома, а причината за тоа е големата блискост што постои со членовите на семејството. Како што нагласува, љубовта кон филмот се родила од заедничките мигови што таа ги поминувала со нејзиниот татко Коби.

„Тој беше татко каков што би посакало секое девојче. Секогаш ми дозволуваше да слушам каква сакам музика и да ги пејам на цел глас песните на Тејлор Свифт и заедно разговаравме и за Star Wars“ – вели Наталија.

„Сакам да говорам за татко ми. Тешко е, но многу повеќе сакам да говорам за него, отколку што сум тажна кога го правам тоа“ – заклучува таа.

Инаку, Наталија го остварува сонот на нејзините родители и ќе го продолжи образованието. Коби и Ванеса немале можност да одат во колеџ. Ванеса веднаш по завршување на образованието се омажила за Коби, а тој по средното образование веднаш ја започнал блескавата кошаркарска кариера во НБА. Коби и Ванеса имаат уште 2 ќерки: Бјанка (4) и Капри (2).

Прочитајте и Ванеса Брајант со ќерките во Дубровник: „Ја исполнив желбата на Коби, Наталија да оди во Хрватска“

Погледнете повеќе фотографии од нејзината прва фотосесија за Teen Vogue:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg