Први професионални фотки од Адел откако ослабе + детали за анксиозноста, разводот и новата љубов

Адел вообичаено го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста, но овојпат го отвори срцето и проговори за сите актуелни теми од нејзиниот живот: телесната трансформација, односот со татко ѝ, разводот со Сајмон Конеки и новото момче.

prvi-profesionalni-fotki-od-adel-otkako-oslabe-detali-za-anksioznosta-razvodot-i-novata-ljubov-01.jpg

Адел (33) пред само неколку денови ја најави најновата песна Easy On Me која треба да се појави на 15-ти октомври и го најавува нејзиниот четврти студиски албум, a во пообемно интервју за Vogue таа говореше за повеќе детали од сопствениот живот.

Како што вели самата, во последните три години со анксиозноста се справува со помош на вежби - кревање тегови и вежби на велосипед секој ден, а понекогаш и двапати дневно доколку има потреба.

prvi-profesionalni-fotografii-od-adel-po-transformacii-detali-za-02.jpg

„Моето тело беше предмет на разговор во текот на целата моја кариера. Тоа не е ништо ново. Разбирам зошто луѓето се во шок. Разбирам зошто некои жени беа повредени. Визуелно јас преставував голем број жени. Но, јас сум сè уште истата личност“ – вели таа.

За разводот со Сajмон Конеки таа накратко споделува:

„Само опстојувавме и не бевме среќни. Ниту еден од нас не направи нешто лошо. Ниту еден од нас не го повреди другиот, немаше ништо такво. Само сакав синот да ме види вистински вљубена и да бидам сакана. Тоа е мошне важно за мене“ – таа вели.

Сега по разводот Адел и Сајмон се соседи – тој живее во куќата преку улица што таа му ја купила и го делат старателството над нејзиниот син Анџело (8).

За односот со нејзиниот татко и за пронаоѓањето на новата љубов погледнете на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg