Том Круз повторно непрепознатлив од естетските корекции - Колку се промени низ годините? (фото)

Со години постојат гласини дека Том Круз користи филери и ботокс, дека има направено пластична операција, па дури и трансплантација на коса, а некои експерти се убедени дека дефинитивно има вистина во тоа. Погледнете колку се променил низ годините...

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-01.jpg

Откако јавноста ги виде првите фотки од Том Круз на кои изгледа непрепознатливо, тој повторно беше забележан во јавност и уште еднаш ги натера фановите да се запрашаат што се случува со неговото лице.

Актерот (59) го слетуваше неговиот приватен авион во Лос Анџелес, а од папарацо фотките се гледа дека неговото лице уште е потечено, најверојатно од филери.

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-12.jpg

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-16.jpg

Поради вниманието што го привлече драстичната промена на актерот, целата ситуација почнаа да ја дискутираат и експерти за естетски корекции, а повеќето се согласуваат дека дефинитивно има направено некаква корекција.

„Том изгледа подуено, што може да биде последица од филери, некоја естетска процедура или дебелеење. Сметам дека порано има користено филери под очите, околу устата и носот, но овојпат е различно“, вели Алис Хеншо, сопственик на студио за естетски корекции.

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-13.jpg

„Од фотографиите се гледа дека видно отечен е и неговиот врат. Во оваа област не се ставаат филери, па веројатно отоците се од некоја процедура или дебелеење.

Некои естетски зафати, како лифтинг на вратот, можат да предизвикаат вакви отоци, а лузните можат да се скријат многу лесно“.

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-17.jpg

Иако Том отсекогаш негирал, постојат гласини дека има направено операција на носот и трансплантација на коса, но и дека редовно користи филери и ботокс.

Алис верува и дека гласините за трансплантација на коса мора да се точни.

„На скоро 60 години, косата на Том изгледа релативно исто како во младоста, освен што е малку проретчена, а ова може да биде знак за трансплантација на коса“.

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-19.jpg

Веројатно никогаш нема да дознаеме какви сè корекции има направено Том Круз, но барем можеме да правиме споредба како изгледал некогаш и денес.

1982 година

Насмевката е една од најпрепознатливите карактеристики на Том, а добро познат факт е дека актерот ги исправи и избели забите дури откако се прослави.

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-02.jpg

1986 година

Во периодот кога беше познат како ѕвездата од Top Gun, тогаш 24-годишниот Том изгледаше како и секое момче на негова возраст.

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-03.jpg

1996 година

Невообичаен изглед за актерот – брада и долга коса.

tom-kruz-povtorno-neprepoznatliv-od-estetskite-korekcii-kolku-se-promeni-niz-godinite-foto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нема потреба од ботокс откако ја држи строгата диета на Дејвид Бекам – Што прави Том Круз (59) за да... Возење кајак, истражување пештери, мечување, трчање на лента, диета со само 1.20...
Ричард Гир (72) на настан со сопругата (39) по одморот на Ибица со децата - стравува дека нема да до... Ричард Гир на 72-годишна возрат доби награда за животно дело, а на церемонијата ...
„Мрази луѓе, опседнат е со изгледот и еднаш ме удри“ – првата менаџерка на Том Круз открива дека акт... „За 19-тиот роденден му направив албум со исечоци од магазини со статии за него ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg