Обвинување за силување, бурни разводи – Кевин Костнер живее втор живот на 70 години, по скандалите

По двата пропаднати бракови кои траеја повеќе од една деценија, како и конфликтите поради кои беше избркан од хит-серијата Yellowstone, изгледа Кевин Костнер конечно си го најде мирот на 70-годишна возраст и за него конечно почнува добар период, по низата скандали и проблеми. Со што се соочи тој низ годините?

obvinuvanje-za-siluvanje-burni-razvodi-kevin-kostner-zhivee-vtor-zhivot-na-70-godini-po-skandalite-01.jpg

На Super Bowl во неделата (09.02), Кевин Костнер беше една од најпопуларните ѕвезди.

70-годишниот актер изгледаше одлично во бела кошула, светли панталони и црни очила за сонце, а беше фотографиран во друштво на многу славни личности.

Актерот со задоволство позираше и со фанови, додека на трибините друштво му правеше Пит Дејвидсон.

obvinuvanje-za-siluvanje-burni-razvodi-kevin-kostner-zhivee-vtor-zhivot-na-70-godini-po-skandalite-09.jpg

За актерот веројатно конечно почнува добар период, по низата скандали и проблеми.

Со што сè се соочи Кевин Костнер низ годините?

Првиот развод го чинеше многу

Во 1978 година, Кевин се венча со првата сопруга – Синди Силва.

Парот доби три деца, но по 16 години заедно соопштија дека се разведуваат.

Иако ниту еден од нив не ја откри причината за разводот, се шпекулираше дека Кевин имал афера и дека честопати ја изневерувал сопругата - нешто што тој негираше.

На крај, поранешната сопруга доби 80 милиони долари од актерот, како и алиментација од околу 70.000 месечно.

obvinuvanje-za-siluvanje-burni-razvodi-kevin-kostner-zhivee-vtor-zhivot-na-70-godini-po-skandalite-02.jpg

Обвиненија за сексуален напад

Во 2004 година, масерка го обвини актерот за сексуален напад.

Тогаш таа работела во спа центарот во хотел каде што актерот отседнувал.

„Беше одвратно. Иако е холивудска ѕвезда, не ми се верува дека мислеше дека ќе се извлече од нападот.

Ме нападна и според мене тоа е злодело“, изјави жената чиј идентитет не е познат.

Кога започна истрагата, и идентитетот на актерот не беше откриен, но се дозна во 2006-та.

Сепак, тогаш негов портпарол изјави дека сите обвиненија се бесмислица и јавноста не знае што точно се случило.

obvinuvanje-za-siluvanje-burni-razvodi-kevin-kostner-zhivee-vtor-zhivot-na-70-godini-po-skandalite-03.jpg

Проблеми со колеги

Серијата Yellowstone е последниот проект на којшто актерот има работено, но ова заврши неславно.

Серијата почна да се емитува во 2018 година, а Кевин Костнер ја имаше главната улога.

Но, го влошил односот со продуцентите бидејќи сакал поретко да оди на снимања.

Првично актерот ги негираше овие шпекулации, но кон крајот на 2023-та, се покажа дека се вистинити и актерот беше заменет.

Имено, бидејќи сакал да снима помалку денови, му понудиле помалку пари, а притоа не се согласувале и за делови од сценариото.

Па, на крај, продуцентите решиле да го избркаат.

obvinuvanje-za-siluvanje-burni-razvodi-kevin-kostner-zhivee-vtor-zhivot-na-70-godini-po-skandalite-04.jpg

Уште еден бурен развод

Во 2004 година, Кевин се венча со втората сопруга – моделот Кристин Баумгартнер.

И со неа доби три деца, но по 19 години заедно, Кристин поднесе барање за развод.

Разводот брзо се претвори во еден од најбурните во историјата на Холивуд.

Од една страна, Кевин ја обвинуваше Кристин дека трошела негови пари без дозвола.

Актерот тврдеше дека откако се разделиле, таа ги трошела парите што тој ѝ ги давал за нивните деца, и тоа за работи како личен тренер и пластични операции.

Од друга страна, таа го обвинуваше дека сакал да ја избрка од нивниот дом кој ѝ следувал според предбрачниот договор.

Тие не се согласуваа ни за старателството на нивните деца.

По битка која траеше скоро цела година, тие се согласија на заедничко старателство за нивните деца.

Актерот ѝ ги плати и судските трошоци на Кристин – околу половина милион долари – а сега ѝ плаќа и алиментација од скоро 70.000 долари.

obvinuvanje-za-siluvanje-burni-razvodi-kevin-kostner-zhivee-vtor-zhivot-na-70-godini-po-skandalite-05.jpg

На 70 години, актерот живее втор живот

Откако се финализира разводот, актерот реши да се огласи изјавувајќи:

„Кога живеете толку долго со некого, нема победник (во разводот). Ова лудо чудо наречено живот се менува многу брзо.

Во една минута се чувствувате како да сте на врвот, а потоа одеднаш сфаќате колку сте ранливи“.

obvinuvanje-za-siluvanje-burni-razvodi-kevin-kostner-zhivee-vtor-zhivot-na-70-godini-po-skandalite-06.jpg

По бројните проблеми и скандали, актерот на 70-годишна возраст конечно го нашол својот мир.

Почесто се појавува во јавност, а и беше главна ѕвезда на Super Bowl.

Во меѓувреме, неговата поранешна сопруга се чини веќе го преболела бидејќи веќе се сврши со друг маж.

Кевин, од друга страна, наводно сега не бил заинтересиран за романса.

obvinuvanje-za-siluvanje-burni-razvodi-kevin-kostner-zhivee-vtor-zhivot-na-70-godini-po-skandalite-07.jpg

Прочитајте и: Го уценувала дека мора да имаат деца, сега бара стотици илјади долари месечна алиментација – Детали за разводот на Кевин Костнер

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...

Најчитани неделава