Направил дете со друга додека бил во брак, тужен за насилство – како жените му го „земаа“ богатството на Мел Гибсон?

Мел Гибсон од друга страна имаше катастрофална разделба со Оксана Григориева, со која ја доби ќерката Лучија (11) во 2009-та година. Оксана следната 2010-та година поднесе барање до судот на актерот да му се забрани пристап до неа и до нивната новородена ќерка, откако претходно тој наводно ѝ се заканувал со пиштол.

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-13.jpg

Судскиот процес се заврши спогодбено, а Гибсон мораше да ѝ исплати на Григориева 15 милиони долари под услов таа да не ги објавува видео снимките во кои се гледа дека актерот е насилен. Сепак, видео снимките се појавија на интернет поради што Григориева доби само 750.000 долари и тоа на три рати од по 250.000 долари.

По ова Григориева направи уште една грешка и јавно говореше за семејното насилство, поради што ги загуби и преостанатите 500.000 долари.

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-12.jpg

Во своја одбрана Мел Гибсон тврдеше дека ѝ удрил шлаканица на Оксана која во моментот имала напад на хистерија, со цел да ја заштити нивната тогаш 2-месечна ќерка.

Од 2014-тата година, Мел ја започна врската со сценаристката Росалинд Рос, со која во 2017-та година го доби деветтото дете Ларс Жерар Гибсон (4).

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-14.jpg

Тие се заедно веќе 7 години, иако таа е помлада од него 34 години.

napravil-dete-so-druga-dodeka-bil-vo-brak-tuzhen-za-nasilstvo-kako-zhenite-mu-go-zemaa-bogatstvoto-na-mel-gibson-15.jpg

Како и да е, иако ужива во долгогодишната врска и во татковството, Мел по разводот со Робин никогаш повторно не стапил во брак.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Пијан ја истепа бившата девојка, цел живот мака мачи со алкохолот: Најголемите скандали на Мел Гибсо... Неколкупати бил апсен за возење под дејство на алкохол, а не се срами да ги спод...
Бурната врска на Мел Гибсон и Оксана, што речиси му ја уништи кариерата: Ја тепал, се плашела дека ќ... Мел Гибсон и Оксана Григориева беа заедно помалку од три години, но ова беше дов...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...

Најчитани неделава