Бурната врска на Мел Гибсон и Оксана, што речиси му ја уништи кариерата: Ја тепал, се плашела дека ќе ја убие

Мел Гибсон и Оксана Григориева беа заедно помалку од три години, но ова беше доволно да станат еден од најконтроверзните парови. Актерот бил насилен, а Оксана успеа да го докаже ова, па неколку години беше неизвесно дали Мел Гибсон ќе успее да опстане во Холивуд бидејќи никој не сакаше да работи со него.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-01.jpg

Една од поконтроверзните врски од светот на шоубизнисот е онаа на Мел Гибсон и Оксана Григориева.

Актерот, за кого скандалите не се ништо ново, наводно бил и насилен кон Оксана, а за нивната бурна разделба се зборуваше навистина долго.

Мел Гибсон и руската пејачка и пијанистка беа заедно едвај три години, но овој период беше доволен за да останат запомнети како еден од најконтроверзните парови.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-07.JPG

Што знаеме за бурната врска на Мел Гибсон и Оксана Григориева?

Во 2009-та, Мел Гибсон се разведуваше од сопругата Робин Мур по скоро 30 години брак.

Дотогаш веќе имаше гласини дека се гледал со Оксана, но првпат се појавија заедно во периодот кога актерот го финализираше разводот.

Истата година, 2009-та, тие добија и ќерка – Лусија.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-06.JPG

Но, веќе следната година се разделија, а Оксана побара забрана за приближување за Мел бидејќи бил физички насилен. Според Оксана, тој ѝ имал удрено бокс неколкупати, а еднаш дури ѝ скршил и заб.

Според пријателка на Оксана, на почетокот таа навистина го сакала актерот, но ѝ станало јасно дека мора да се оттргне од него откако сфатила „каква личност е и за што е способен“.

Оксана, пак, имаше изјавено дека се плашела дека ќе ја убие.  Па, Мел Гибсон доби забрана да ѝ се приближи на Оксана, но и на нивната ќерка.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie08.JPG

По ова, актерот се огласи за забраната.

„Еднаш ѝ удрив шлаканица на Оксана за да пробам да ја вратам во реалноста. Не ја удрив силно. Само сакав да ја шокирам за да престане да вика и да престане да ја тресе ќерка ни“.

burnata-vrska-na-mel-gibson-i-oksana-shto-rechisi-mu-ja-unishti-karierata-ja-tepal-se-plashela-deka-kje-ja-ubie-05.JPG

Со пријавата на Оксана, почна истрага за семејно насилство против актерот, а во меѓувреме двајцата се бореа и за старателство над нивната ќерка.

Но, на интернет се појавија шест аудиоснимки од телефонски разговори кои ги потврдија тврдењата на Оксана.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава