Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кајли Џенер со ќерката поминала покрај мртвите тела на фановите – нови детали за трагедијата на концертот на Тревис Скот

Кајли Џенер била изнесена од концертот на Тревис со телохранители и поминала покрај мртвите тела на фановите, јавноста ја критикува бидејќи со неа била и Сторми, а додека сите Кардашијанс го искажуваат нивното сочувство за трагедијата, Клои се најде на мета на критики бидејќи си објавува провокативни фотографии.

kajli-dzhener-so-kjerkata-pominala-pokraj-mrtvite-tela-na-fanovite-novi-detali-za-tragedijata-na-koncertot-na-trevis-skot-01.jpg

По трагедијата на концертот на Тревис Скот, во Хјустон, Тексас, каде настана стампедо и загинаа осум лица, а над сто се повредени, и Кајли и Тревис се огласија, изјавувајќи дека се скршени, но и дека воопшто не биле свесни за она што се случувало во публиката, а сега се огласија и Кендал и Ким.

kajli-dzhener-pominala-pokraj-mrtvite-tela-na-fanovite-novi-detali-za-tragedijata-na-koncertot-na-trevis-skot-05.jpg

Три дена по настанот, Кендал Џенер, која присуствуваше на концертот заедно со сестра ѝ Кајли сподели изјава на Инстаграм:

„Уште сум без зборови за настаните на концертот. Срцето ми е скршено за семејствата кои ги изгубиле саканите и моите молитви одат до сите кои беа засегнати. Им ја испраќам целата моја љубов на сите повредени и им посакувам сила во овој страшен и чувствителен период“.

kajli-dzhener-pominala-pokraj-mrtvite-tela-na-fanovite-novi-detali-za-tragedijata-na-koncertot-na-trevis-skot-02.jpg

И Ким Кардашијан се огласи на Твитер во врска со настанот:

„Срцето ми е скршено за животите кои се изгубени и сите кои беа повредени на концертот. Исто како сите вие, и нашето семејство е шокирано од трагедијата.

Се молиме за сите жртви, семејства и оние кои беа засегнати – како и за Тревис кој многу се грижи за своите фанови и е вистински уништен“.

Клои, пак, се најде на мета на критики бидејќи среде трагедија си сподели неколку провокативни фотки на Инстаграм.

„Дечкото на сестра ти е одговорен за масовна трагедија, а ти си споделуваш фотографии?“

„Некои луѓе умреа, Клои“.

„Зарем не тагува целото семејство за она што се случи на концертот?“

Иако во својата изјава Кајли тврди дека со Кендал не знаеле што се случило сè додека не ги виделе новостите во медиумите, оние кои биле присутни на концертот велат дека ја виделе Кајли како го напушта настанот, минувајќи покрај повредените и мртвите фанови кои лежат на земјата.

„Кендал и Кајли имаа 6 огромни телохранители со нив. Откако ситуацијата ескалираше, беа изнесени и поминаа покрај мртвите тела и луѓето кои беа реанимирани. Ги држеа главите наведнати за никој да не им ги види лицата.

Правеа сè за никој да не ги забележи и беа целосно покриени за да не им се гледаат реакциите. Пред нив еден човек беше изнесен на лежалка“, тврди извор за The Sun.

Портпаролот на Кардашијанс ги негира овие зборови, но онлајн се појави видео на кое се гледа како Кендал и Кајли се пробиваат низ толпата.

kajli-dzhener-pominala-pokraj-mrtvite-tela-na-fanovite-novi-detali-za-tragedijata-na-koncertot-na-trevis-skot-03.jpg

Очигледно, јавноста е гневна на Тревис и Кајли, па почнаа да ги критикуваат и за нивната ќерка Сторми – иако има само три години, и таа присуствувала на концертот.

„Лудо е што Тревис ја донел ќерка му на концертот иако знае дека публиката може да полуди и дека самиот ги охрабрува луѓето да се однесуваат така. Сторми сигурно видела како луѓето губат свест и се повредуваат поради нејзиниот татко“.

„Многу неодговорно од Тревис и Кајли што донеле мало дете на ваков настан. Таа е само бебе. Зарем има потреба да присуствува?“

„Уште не можам да се помирам со фактот дека Кајли и Тревис ја однеле Сторми на концертот“.

kajli-dzhener-pominala-pokraj-mrtvite-tela-na-fanovite-novi-detali-za-tragedijata-na-koncertot-na-trevis-skot-04.jpg

Концертот на Тревис беше дел од фестивалот Astroworld, а во стампедото животот го изгубија осум лица, помеѓу кои 14-годишно момче и 16-годишно девојче.

На неколку фанови престанало да им работи срцето и биле пренесени во болница, а еден полицаец бил прободен со игла.

Тревис продолжил да настапува околу половина час откако ситуацијата ескалирала. Според присутните, тогаш публиката веќе викала на цел глас да се прекине концертот.

kajli-dzhener-pominala-pokraj-mrtvite-tela-na-fanovite-novi-detali-za-tragedijata-na-koncertot-na-trevis-skot-06.jpg

Наводно, Тревис и организаторите на настанот веќе добиле неколку тужби од повредени фанови, но уште не е познато како точно почнало стампедото и дали Тревис навистина е одговорен.

Прочитајте повеќе: Тревис Скот, дечкото на Кајли Џенер, обвинет за смртоносното стампедо на неговиот концерт – има 8 загинати, а таа го брани

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...
Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
„Тајно ја зјапав, беше многу згодна“ – Тревис Баркер бил загреан за Ким, пред да се вљуби во сестра ... „Постојано скришно зјапав во Ким, не ми е гајле ако таа е гардероберка, многу е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg