Емотивно видео: Двејн Џонсон му го подари својот автомобил на поранешен војник за да му ги разубави празниците


Емотивно видео: Двејн Џонсон му го подари својот автомобил на поранешен војник за да му ги разубави празниците

Двејн Џонсон израдувал неколку фанови со специјална проекција на неговиот нов филм, а за еден од нив решил да направив нешто големо, па му го подарил неговиот омилен автомобил кој е специјално направен за актерот. Џонсон го овековечи моментот во емотивно видео.

emotivno-video-dvejn-dzhonson-mu-go-podari-svojot-dzhip-na-poraneshen-vojnik-za-da-mu-gi-razubavi-praznicite-01.jpg

Двејн Џонсон уште еднаш покажа дека е личност со огромно срце, откако му го подари својот автомобил на еден фан.

Најпрво актерот поканил неколку фанови на проекција на неговиот нов филм Red Notice бидејќи сакал да направи нешто добро за нив.

Но, актерот сфатил дека сака да направи нешто многу подобро, нешто незаборавно, па решил да му подари автомобил на еден од фановите.

Џонсон почнал да истражува за фановите што присуствувале на проекцијата, а приказната на ветеранот Оскар најмногу го трогнала. Па, решил да му го подари неговиот автомобил како подарок за Божиќ.

Актерот сподели и видео од емотивниот момент кое почнува со кадар од ветеранот кој ја чита пораката напишана од актерот:

„Ти благодарам за службата, уживај во твојот нов автомобил“.

Веднаш потоа ветеранот Оскар прашува што се случува, го прегрнува актерот и почнува да плаче.

emotivno-video-dvejn-dzhonson-mu-go-podari-svojot-dzhip-na-poraneshen-vojnik-za-da-mu-gi-razubavi-praznicite-03.jpg

Во видеото има инсерт и од кино проекцијата на филмот, каде што актерот им се обраќа на фановите, а потоа го вика Оскар пред филмското платно и му кажува колку го допрела неговата животна приказна и го носи надвор кај неговиот подарок.

На крај, актерот вели дека Оскар дефинитивно повеќе го заслужува автомобилот отколку него, но и се шегува дека не може да си оди дома бидејќи сега нема автомобил.

emotivno-video-dvejn-dzhonson-mu-go-podari-svojot-dzhip-na-poraneshen-vojnik-za-da-mu-gi-razubavi-praznicite-02.jpg

„Денес беше добар ден. Среќен Божиќ Оскар и уживај во твојот новавтомобил.

Поканив неколку фанови на посебна проекција на Red Notice и сакав да направам нешто добро за сите нив. Исто така сакав да направам нешто големо за еден фан.

Првично идејата ми беше да го подарам автомобилот Porsche Taycan што го возам во филмот. Па, ги контактирав Porsche, но ме одбија. Но, јас реков да. Ќе направам нешто подобро. Ќе го подарам автомобилот што беше направен лично за мене.

Собрав што е можно повеќе информации за сите во публиката и, на крај, приказната на Оскар ме трогна. Тој се грижи за неговата 75-годишна мајка. Личен тренер е. Лидер е во неговата црква. Им дава поддршка и храна на жените жртви на семејно насилство. Тој е горд и скромен ветеран. Добро човечко битие.

Оди и уживај со твојот нов автомобил и среќен Божиќ до тебе и целото твое семејство!!!“, стои во описот на објавата

Today was a good day. Merry Christmas Oscar and enjoy your new truck 🛻 I invited fans to a special theater screening of RED NOTICE and I wanted to do something cool for all of them. Free concessions, Project Rock, Teremana, ZOAenergy, Salt & Straw Ice Cream. Free everything and a great time at the movies! I also wanted to do something BIG… something MASSIVE… something unforgettable for one fan. My original idea was to give away the Porsche Taycan, that I drive in the movie, Red Notice. So we reached out to Porsche, but they said no. But I still said, yes 😉 I’ll do one better. I’ll give away my personal custom truck as the gift. My baby 😊🛻 I gathered as much information as I could about everyone in the audience and ultimately, Oscar’s story moved me. Takes care of his 75 year old mom. Personal trainer. Leader at his church. Provides support and meals for women victimized by domestic violence. Proud & humble Navy veteran. Kind human being. Oscar said it right before he drove away ~ it’s just love. That’s all it is, brother. Just love. Go enjoy your new truck dude and Merry Christmas to you and your family!!! 👊🏾🛻 dj

Posted by Dwayne The Rock Johnson on Wednesday, November 24, 2021

Набрзо потоа и ветеранот Оскар сподели фотографија со новиотавтомобил, искажувајќи ја неговата благодарност.

„Немам зброви да опишам колку благословен и благодарен сум“.

На објавата има и коментар од актерот:

„Ти си добар човек. Многу сум среќен што Бог и универзумот нè поврзаа. Продолжи да правиш големи нешта!

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати дами кои имаат мали гради и се горди на нив И додека девојки од цел свет, за жал, се оперираат за да имаат бујно деколте как...
Додека Меган Фокс се разведува, новиот дечко Машин Ган Кели ја носи на раце (фото) Новиот партнер на Меган Фокс изгледа сосема поинаку од нејзиниот поранешен сопру...
Зошто Хари и Меган Маркл ќе се селат во нов дом, на страна од Вилијам и Кејт? Тие не сакаат детето да си го растат во златен кафез, плус изгледа односите поме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg