Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го открија полот на близнаците со слатко видео

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го открија полот на близнаците со слатко видео – очекуваат момче и девојче.

kristijano-ronaldo-i-dzhordzhina-rodrigez-go-otkrija-polot-na-bliznacite-so-slatko-video-01.jpg

Девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, е бремена по вторпат, и тоа со близнаци, а сега фудбалерот го откри и полот на дечињата со објава на Инстаграм.

36-годишниот фудбалер објави слатко видео на кое неговите четири деца пукаат балони со кои го откриваат полот на новите членови на семејството.

Во опуштено издание по пижами, двете ќерки и двата сина ги испукаа балоните од кои излегоа сини и розови конфети, што значи фудбалерот и Џорџина очекуваат и момче, и девојче.

„Каде што животот започнува, а љубовта никогаш не завршува“, гласи описот на објавата.

Кристијано и 27-годишната Џорџина ги соопштија вестите за бременоста кон крајот на октомври со фотографии од ехо-прегледот.

Бидејќи веќе се големо семејство со четири деца, тогаш фановите почнаа да се шегуваат дека Кристијано си прави свој фудбалски тим.

Парот е заедно околу пет години и заедно ја имаат ќерката Алана. Фудбалерот има уште три други деца – близнаци кои ги доби од сурогат мајка, како и синче чија мајка е непозната за јавноста.

Прочитајте повеќе: Бремената Џорџина без Роналдо ги однесе децата на патување од соништата на Северниот Пол (фото)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Носталгија по времињата кога децата беа деца: Познатите во минатото vs. денешните 12-годишни ѕвезди Ќерката на Канје и Ким на 12 години ја нарекуваат дека е како тетка, а Дизни ѕве...
Славни личности кои ги тужеа нивните родители (и зошто) Коби Брајант ги тужеше родителите бидејќи продавале негови лични предмети без да...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава