Нејзиното семејство не го сака, тој е 33 сантиметри понизок од неа – забавни факти за Питер Динклиџ и сопругата Ерика

Питер Динклиџ и Ерика Шмит се заедно повеќе од 18 години и иако се посреќни од кога било, морале да се венчаат во тајност бидејќи семејството на сопругата не го сакало актерот.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-01.jpg

Питер Динклиџ е активен во филмската индустрија со години, а ја освои јавноста со неверојатната изведба во хит-серијата „Game of Thrones“.

И неговата сопруга Ерика Шмит е активна во филмската индустрија, но за разлика од него, таа се држи зад сцените и не сака многу внимание од јавноста.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-02.jpg

Ерика и Питер се еден од ретките парови во Холивуд чија врска го издржала тестот на времето, а велат дека во голема мера, обидите да ја зачуваат приватноста им помагаат во ова.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-09.jpg

52-годишниот актер е роден со џуџест раст и вели дека пред да ја запознае 46-годишната Ерика, самиот ги саботирал неговите љубовни врски, најмногу бидејќи му било тешко да се почувствува добро во своја кожа.

„Секогаш се вљубував во личност која не можеше да ми ги возврати чувствата. Самиот се саботирав кога бев помлад. Се чувствував безвредно во врска со сè“, изјави актерот во неодамнешно интервју со The New York Times.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-05.jpg

Ерика, со која актерот има и две деца, дефинитивно му го променила животот на подобро и денес тие се пример за тоа како треба да изгледа една среќна врска.

Во продолжение неколку забавни факти за нив:

Се запознале во 2003 година

Питер и Ерика се запознале во 2003 година, а актерот вели дека првата средба била како сцена од луд романтичен филм.

„Се запознавме пред околу 18 години. Бевме кај заеднички пријател на гости. Тогаш во градот имаше циркус и врнеше снег, а низ улиците на Менхетен имаше парада со слонови.

Беше како од прекрасен, луд романтичен филм – ноќта кога се сретнавме низ Менхетен шетаа слонови“.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-10.jpg

Се венчаа во тајност

Не е познато кога точно ја почнале врската, но Ерика и Питер се венчаа во 2005 година во Лас Вегас, и тоа во тајност.

Според извори блиски до парот, семејството на Ерика се противело на нивната а врска и не сакало да бидат заедно.

Но, Ерика не се откажувала од својот сакан, па решиле да ја крунисаат нивната љубов без никој да знае за тоа.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-06.jpg

Разликата во висина предизвикувала проблеми

Питер е роден со џуџест раст и е висок 135 сантиметри, додека неговата сопруга има 168 сантиметри.

За нив двајцата, нарушувањето на Питер не претставува апсолутно никаков проблем, но на почетокот од бракот чувствувале огромен притисок од медиумите.

Поради очигледната разлика во висина, американските таблоиди како да не можеле да поверуваат дека тие се среќни заедно, па постојано барале некој скандал и „дупки“ во нивниот брак или каков било доказ дека нешто не е во ред.

Веројатно поради ова, Питер и Ерика го даваат најдоброто од себе за да го држат приватниот живот подалеку од јавноста.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-04.jpg

И покрај овие проблеми, Ерика и Питер постојано покажуваат дека џуџестиот раст на Питер не претставува проблем за нив лично, а неретко и самите се шегуваат за разликата во висина.

А, еден за друг немаат ништо освен комплименти. На пример, Ерика вели дека Питер е најзгодниот маж што го видела, но и личност со одлична смисла за хумор.

Таа има изјавено дека и години откако го запознала, уште е восхитена од неговиот изглед.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-03.jpg

Имаат две деца

Среќниот пар има две деца – првото го добија во 2011, а второто во 2017 година. Тие толку добро ја кријат приватноста на нивните деца, што ги немаат ни спомнато нивните имиња.

Според некои гласини, првото дете се вика Зелиг, но наводно овие гласини се погрешни. Во 2015 година, актерот беше и прашан во интервју дали тоа е вистинското име на детето и што сака да каже ако е лага, на што актерот одговори:

„Не ми е грижа!“

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-11.jpg

За првото дете се знае дека е двојче, но на второто не е познат ни полот.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-07.jpg

Двајцата се истакнуваат во нивната област, а сега имаат и соработка

Сопругата на Питер е актерка, драматург и режисерка, а сега парот почна да работи и на нивниот прв заеднички проект.

Станува збор за мјузикл насловен „Cyrano“ каде што Питер ја има главната улога, а сценариото е на Ерика.

За актерот ова е важна улога бидејќи неговиот лик се чувствува безвредно поради неговиот изглед – нешто со коешто Питер имал сериозни проблеми – и е безнадежно вљубен во една девојка.

За разлика од ликот, Питер сепак ја пронашол својата љубов и успеал да сфати дека изгледот не е пресуден за ништо.

nejzinoto-semejstvo-ne-go-saka-toj-e-33-santimetri-ponizok-od-nea-zabavni-fakti-za-piter-dinklidzh-i-soprugata-erika-12.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg