Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Данијела Мартиновиќ во скут кај родителите, Парис Хилтон во секси долна облека – како славните го прославија Божиќ 2021?

Светските ѕвезди изминатиот викенд ги прославија божиќните празници, а кај нас во регионот божиќни честитки упатија и хрватските познати личности. Со фотографии на социјалните мрежи славните ни покажаа како ги прославуваат семејните празници.

danijela-martinovikj-vo-skut-kaj-roditelite-paris-hilton-vo-seksi-dolna-obleka-kako-slavnite-go-proslavija-bozhikj-2021-01.jpg

На социјалните мрежи славните личности од светот, но и од регионот упатија честитки по повод католички Божиќ.

Забележително, Северина Божиќ го помина сама, но со голем број „патокази“ околу неа што ја прават среќна. Семејството Кардашијан во нецелосен состав, а Криси Тајген и Џон Леџенд накиснаа до гола кожа.

Во домашна атмосфера со најблиските, во лунапарк со семејствата или пак сами - како славните ги прославија божиќните празници?

Северина на својот Инстаграм објави фотографија до која напиша:

„Среќен Божиќ, Ви посакувам многу ’патокази‘ во животот што ве прават среќни… Мене ми недостасуваа прозорци“.

Данијела Мартиновиќ ги прослави божиќните празници со семејството и објави заедничка фотографија со родителите.

„Само едно место е Дом – Љубов“ – напиша таа до фотографијата.

Антонија Шола објави фотографија со нејзиното момче Марио Регеља.

„Среќен Божиќ и од нас“ – напиша кратко до фотографијата.

Ким Кардашијан објави заедничка фотографија на која е заедно со нејзините четири деца, мајка ѝ Крис Џенер и сестрата Клои Кардашијан и нејзината ќерка Тру, како и ќерката на Роб Кардашијан, Дрим.

„Среќен Божиќ“ – напиша.

Кендал Џенер не беше на фотографијата на Ким, но затоа објави сопствена фотографија во црна тоалета пред две новогодишни елки.

Уште шест фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач...
„Упс, нова сум во ова“ – Како Парис Хилтон одговара на критиките дека не е добра мајка? Во една епизода од реалното шоу призна дека 1 месец по раѓањето на синот уште не...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg