Брајан Остин Грин шета со синовите, едниот бос со женска облека - додека Меган Фокс си ја слави свршувачката со Машин Ган Кели (фото)

Откако Меган Фокс и Машин Ган Кели јавно ја објавија свршувачката, нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин беше забележан додека беше на прошетка со нивните три сина, од кои едниот беше бос и во шарена облека и женска маичка.

brajan-ostin-grin-gi-chuva-sinovite-dodeka-mashin-gan-keli-i-megan-foks-so-pienje-krv-ja-slavea-svrshuvachkata-foto-01.jpg

На папарацо фотографиите може да се види дека поранешната ѕвезда на ТВ серијата „Беверли Хилс“ ужива во прошетката и во времето поминато со синовите Ноа (9), Боди (7) и Џурни (5) и во убавото време во Лос Анџелес.

brajan-ostin-grin-gi-chuva-sinovite-dodeka-mashin-gan-keli-i-megan-foks-so-pienje-krv-ja-slavea-svrshuvachkata-02.jpg

Брајан Остин Грин (48) и синовите беа забележани низ улиците на Лос Анџелес само неколку часа откако Меган и Машин Ган Кели ги споделија убавите вести дека тој ја побарал за жена.

brajan-ostin-grin-gi-chuva-sinovite-dodeka-mashin-gan-keli-i-megan-foks-so-pienje-krv-ja-slavea-svrshuvachkata-03.jpg

35-годишната актерка сподели видео на Инстаграм со кое откри дека нејзиното 31-годишно момче ја побара за жена. Меган била мошне изненадена од предлогот за брак и очекувала нивното патување во Порторико да биде само уште едно вообичаено патување.

На видеото се гледа самото запросување. Меган и Кели стојат пред куќата каде што наводно се вљубиле, кога музичарот клекнува на колено и ѝ го покажува прстенот. Нормално, Меган вели „ДА“, по што се прегрнуваат и бакнуваат.

https://www.instagram.com/tv/CYpcFruB2UB/?utm_source=ig_web_copy_link

Инаку, во 2020-тата година Меган Фокс и Брајан Остин Грин по 10 години брак најавија дека се разведуваат, но додека и двајцата веќе имаа започнато врски со други луѓе, нивниот развод не беше финализиран до декември минатата година.

Според пишувањата во странските медиуми Машин Ган Кели, пак, размислувал да ја побара за сопруга својата сакана уште во октомври 2020-тата година и нетрпеливо го чекал моментот таа да биде „сингл“.

https://www.instagram.com/p/CTvitkSFdir/?utm_source=ig_web_copy_link

Во меѓувреме Меган Фокс и Брајан Остин Грин имаат заедничко старателство над нивните три сина, кои често се појавуваат во фустани и во женска облека.

Прочитајте и Меган Фокс им дозволува на синовите да носат „женска“ облека - татко им се плаши за нив

brajan-ostin-grin-gi-chuva-sinovite-dodeka-mashin-gan-keli-i-megan-foks-so-pienje-krv-ja-slavea-svrshuvachkata-04.jpg

Од друга страна пак, Брајан Остин Грин исто така веќе година и пол е во врска со Шарна Бургес. Тој во ноември минатата година по повод првата годишнина од врската напиша дека „таа го прифатила на начин на којшто никогаш порано не бил сакан“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...
Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg