Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со дијамантски прстен со посебно значење - прославиле со пиење крв (видео)

По околу година и пол заедно, Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс, а наводно прославиле во нивен бизарен стил – со пиење на нивната крв. Пејачот ја запроси актерката со прстен направен специјално за неа, украсен со смарагд и дијамант кои се спојуваат во форма на срце.

megan-foks-i-mashin-gan-keli-se-verija-ja-zaprosi-so-dijamantski-prsten-proslavile-so-pienje-krv-video-01.jpg

35-годишната актерка сподели видео на Инстаграм со кое откри дека нејзиното 31-годишно момче ја побара за жена.

На видеото се гледа самото запросување. Меган и Кели стојат пред куќата каде што наводно се вљубиле, кога музичарот клекнува на колено и ѝ го покажува прстенот. Нормално, Меган вели „ДA“, по што се прегрнуваат и бакнуваат.

„Во јули 2020-та седевме под ова дрво.

Побаравме магија. Бевме несвесни за болката со којашто ќе се соочиме за толку краток, бурен период. Несвесни за работата и жртвите што оваа врска ќе ги бара од нас, но опиени од љубов.

Некако, година и пол подоцна, откако заедно го поминавме пеколот и се смеевме повеќе од што мислев дека е возможно, тој ме побара за жена. И исто како во секој живот пред овој, и секој живот што следи, јас реков да.

…и ја пиевме нашата крв“, стои во описот на објавата.

Набрзо потоа и музичарот сподели видео на кое го покажува вереничкиот прстен кој бил специјално изработен по негова нарачка, со посебно значење за Меган.

„’Да, во овој живот и секој нареден‘. Под истите гранки каде што се вљубиме, ја донесов и ја побарав за жена.

Знам дека традицијата е еден прстен, но јас сакав два: смарагд (нејзиниот камен) и дијамант (мојот камен) поставени на два магнетни прстени кои се привлекуваат како две половини од истата душа и формираат срце кое е всушност нашата љубов“, напишал пејачот.

Уште не е познато колку платил пејачот за прстенот.

Ова е втората свршувачка за Меган, која претходно се вери, но и се венча со Брајан Остин Грин. Тие беа заедно 10-тина години и имаат три синови, но се разделија во 2020 година, а го финализираа разводот пред околу еден месец.

megan-foks-i-mashin-gan-keli-se-verija-ja-zaprosi-so-dijamantski-prsten-proslavile-so-pienje-krv-video-05.jpg

Машин Ган Кели досега не бил во брак, но има 12-годишна ќерка од претходна врска.

Актерката и пејачот се запознаа на сетот на Midnight in the Switchgrass и наводно веднаш се вљубиле еден во друг. Оттогаш се неразделни и редовно ја изненадуваат и шокираат јавноста со нивната необична врска.

Прочитајте повеќе: Фотки со јазици, а сега и носење крв на вратот: Бизарностите од врската на Меган Фокс и Машин Ган Кели

megan-foks-i-mashin-gan-keli-se-verija-ja-zaprosi-so-dijamantski-prsten-proslavile-so-pienje-krv-video-03.jpg

megan-foks-i-mashin-gan-keli-se-verija-ja-zaprosi-so-dijamantski-prsten-proslavile-so-pienje-krv-video-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg