Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Уште сум секси“ – Како Џим Кери го одбележа 60-тиот роденден + зошто мрази да се слика со фанови?

„Имам 60 и сè уште сум секси“ – холивудскиот актер Џим Кери со кратко видео на социјалните мрежи го одбележа роденденот. Кери во последните години одбива да се фотографира со обожаватели, а ова е ретко видео во кое можеме да видиме како тој изгледа во поново време.

djim-keri-so-kratko-video-go-odbelezha-60-iot-rodenden-zoshto-poznatiot-akter-odbiva-da-se-fotografira-so-fanovi-01.jpg

Во свој стил, со хумористично видео во кое имитира старец, комичарот Џим Кери го одбележа својот 60-ти роденден на социјалните мрежи.

„Јуху, денес ми е роденден! Стар сум ама златен сум, ве сакам сите“ – напиша тој во описот до видеото на Твитер.

djim-keri-so-kratko-video-go-odbelezha-60-iot-rodenden-zoshto-poznatiot-akter-odbiva-da-se-fotografira-so-fanovi-03.jpg

„Имам 60 и уште сум секси! Вечерва ќе јадам варена пченка и конзервирани праски“ – вели тој во видеото.

Актерот кој важи за еден од најпознатите комичари во светот доби голем број честитки и коментари, како од големиот број обожаватели кои му заблагодарија затоа што им го разубавил животот со неговите филмови, така и од долгогодишните пријатели.

djim-keri-so-kratko-video-go-odbelezha-60-iot-rodenden-zoshto-poznatiot-akter-odbiva-da-se-fotografira-so-fanovi-04.jpg

Ова е едно од ретките видеа и фотографии од поново време што славниот актер ги сподели од себеси.

Погледнете како денес изгледа Џим:

Иако Џим Кери со текот на годините не ја загубил смислата за хумор, многумина коментираат дека тој станал малку понамќорест, па речиси никогаш не сака да се фотографира со своите обожаватели.

„Се откажав од тоа да глумам некој за некого многу одамна. Не чувствувам дека имам одговорност да им ги остварам желбите на сите.

djim-keri-so-kratko-video-go-odbelezha-60-iot-rodenden-zoshto-poznatiot-akter-odbiva-da-se-fotografira-so-fanovi-09.jpg

Не дека сум нељубезен со луѓето, но повеќе би сакал да разговарам со обожавателите отколку да направам селфи. Затоа што селфи фотографиите го запираат животот“ – изјави тој во една прилика.

djim-keri-so-kratko-video-go-odbelezha-60-iot-rodenden-zoshto-poznatiot-akter-odbiva-da-se-fotografira-so-fanovi-07.jpg

Во 2014-та година тој говореше и за тоа како само една фотографија со обожаватели може да му ја уништи вечерта:

„Тие мислат на тоа што тие го сакаат и тоа што ним им треба.

Па така ако некој дојде за да се фотографира, а наоколу има уште 100 луѓе со телефони, се обидувам да им кажам: ’Не можам во моментов затоа што сите имате телефони.‘

Потоа во текот на целата вечер ќе бидам како Дедо Мраз во трговски центар. Цела вечер ќе ми биде уништена“ – рече тој.

djim-keri-so-kratko-video-go-odbelezha-60-iot-rodenden-zoshto-poznatiot-akter-odbiva-da-se-fotografira-so-fanovi-05.jpeg

Џим е светски познат актер и едно од најпрепознатливите лица во Холивуд, а изненадува фактот што тој ја мрази славата и се обидува колку може повеќе да ја сочува приватноста.

Во прилог на тоа оди и фактот што тој нема свој профил на Инстаграм, а во последните години сè поретко се појавува во филмови.

Прочитајте и Му праќал писма на Тупак во затвор, страда од депресија – факти за Џим Кери

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg