Српски фудбалер е во врска со италијанската Меган Фокс - која е прекрасната Каролина Страмара? (фото)
- Детали
- понеделник, 25 април 2022
За неа велат дека е италијанската Меган Фокс, затоа што премногу наликува на холивудската актерка, а деновиве се шпекулира и дека го украла срцето на познат српски фудбалер.
Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ (22) кој игра за Јувентус е топ тема во италијанските медиуми.
Го споредуваат со некои од најдобрите фудбалери како Златан Ибрахимовиќ и Габриел Батистута, а деновиве сѐ почесто се пишува дека тој е во врска со италијанската Меган Фокс, Каролина Страмара (23).
Во продолжение проследете неколку интересни факти за италијанската убавица:
Каролина Страмара во 2019-та година беше прогласена за Мис Италија на возраст од 20 години.
Кога ја доби титулата, таа ја посвети на нејзината мајка која претходната година ја загубила битката со ракот.
Страмара на Инстаграм има околу 405.000 следбеници, а работи како модел и како презентер на спортски видеа презентирани на социјалните мрежи.
Таа е страстен навивач на Јувентус, а редовно објавува видео-интервјуа со познати фудбалери од Италија.
Поради големата физичка сличност во медиумите често ја нарекуваат италијанската Меган Фокс.
Според пишувањата во италијанските таблоиди, Страмара е во врска со новиот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ.
Наводно, Страмара и Влаховиќ почнале врска откако тој една недела пред тоа раскинал со Мариасоле Полио, уште една позната италијанска инфлуенсерка.
Погледнете дел од нејзините Инстаграм фотографии на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото)
Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели...
По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите?
По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

Кои се бившите на Леонардо ди Каприо (и што мислат за него)?
Се сеќавате ли дека Леонардо беше во врска со Блејк Лајвли? А, знаете ли дека ед...

Шајло Џоли прегрната со девојка, по шпекулациите дека ќе го менува полот - Која е наводната партнерк...
Откако во јавноста се појавија фотки на кои девојка ја прегрнува околу половинат...