„Има ли Ријана баба?“ – Голиот труднички стомак на Ријана хит кај македонските и регионалните твитерџии
- Детали
- четврток, 10 март 2022
„На Ријана детето кога ќе се роди ќе кивне наместо да се расплаче“, гласи една од хит објавите на македонските твитерџии за трудничкиот стомак на Ријана.
Ријана деновиве беше фотографирана за време на прошетка во Лос Анџелес и тоа повторно во скандалозен аутфит со гол труднички стомак.
33-годишната пејачка го очекува првото дете со партнерот Ејсап Роки.
Овојпат трудничкиот стомак го покажа во чуден топ со дезен на змиска кожа, кога се упати кон еден од нејзините омилени ресторани на Беверли Хилс.
Потсетете се на останатите скандалозни аутфити на Ријана за време на бременоста ТУКА.
Таа е хит кај твитерџиите во Македонија и регионот со трудничките модни избори.
Прочитајте дел од забавните твитови од македонски твитерџии на нејзина сметка:
На следната страна хит твитовите од регионалните твитерџии...
Би можело да ве интересира:





