Има српско потекло, омажена е за милијардер, а би можела да стане газдарица на Челзи – Која е Холи Кенди?
- Детали
- петок, 11 март 2022
Кај нас е позната со песната Kiss, kiss, а денес е сопруга на британски милијардер Ник Кенди кој сака да го купи фудбалскиот клуб „Челзи“. Која е Холи Валанс, пејачката со српско потекло, чие вистинско презиме е Вукадиновиќ?
Според најновите вести по заминувањето на Роман Абрамович (55), британскиот милијардер Ник Кенди (49) е еден од луѓето што сака да стане нов сопственик на фудбалскиот клуб Челзи.
Ник е сопруг на позната австралиска пејачка со српско потекло Холи Кенди, или Холи Валанс (38).
Во продолжение проследете неколку интересни факти за Холи Валанс:
Холи Валанс, односно Холи Вукадиновиќ е родена во 1983-та година во Мелбурн, Австралија. Татко ѝ е Србин и неговото име е Рајко Вукадиновиќ (музичар, пијанист и манекен), а мајка ѝ Рејчел била една од најпознатите австралиски манекенки.
Холи има уште две полусестри, Коко и Олимпија, а благодарение на нејзината мајка, таа уште на 14 години почнала да работи како модел и да се појавува на модните писти.
На возраст од 16 години Холи почнала да игра во австралиската ТВ серија „Соседи“, истата серија во која играше и Кајли Миног.
-->
-->
Во 2002-та година, на возраст од 19 години, Холи се преселила во Лондон каде се обидела да ја изгради својата музичка кариера. Нејзината песна Kiss, kiss беше на врвот на сите светски топ листи.
-->
Сепак, една година подоцна таа банкротирала откако нејзиниот поранешен менаџер Скот Мајклсон ја тужел затоа што предвреме го прекинала договорот. Од Холи се барало да му исплати сума од 350.000 австралиски долари.
Вториот албум на Холи насловен State of Mind помина речиси незабележано, по што таа одлучи да се откаже од музиката во целост.
По ова Холи одлучила да се пресели во Холивуд каде учествувала во поголем број телевизиски серии како CSI: Miami, Entourage, Prison Break, а исто така играше и во филмот Taken со Лијам Нисон.
За љубовната приказна со британскиот милијардер прочитајте повеќе на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр...
Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...