Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каде (и зошто) исчезна Меган Маркл?

Се чини дека во последно време, името на Меган Маркл единствено го слушаме во песната на Констракта, а се однесува само на тајната на нејзината здрава коса.

Kade-i-zosto-iscezna-Megan-Markl-01.jpg

Имаше договор со Нетфликс, договор со Спотифај и познатото интервју со Опра. И после ова – Меган ја снема. И таа и принцот Хари како да исчезнаа од очите на јавноста.

Неодамна имаше период од цели 102 дена без ниту едно јавно појавување на Меган.

Па, каде и зошто исчезна Меган Маркл?

Интервјуто предизвика многу контроверзии

Интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри во март 2021 година е моментот кога се случи пресвртот.

Тие открија што навистина се случило по нивната венчавка од бајките и настаните што доведоа до напуштање на кралското семејство. Меган се осврна и на гласините дека имала караница со Кејт Мидлтон. 

Според Маркл, помеѓу двете нема никаква „лоша крв“ и посака жолтиот печат да престане да ги предизвикува една против друга.

Призна нешто особено тешко

Кога Меган откри дека чувствувала како да „не сака да биде повеќе жива“, тие ѝ одговориле дека не можат да направат ништо за да ѝ помогнат.

Кога замолила службеник во палатата за можноста за некаква стационарна нега, тие ѝ одговориле дека тоа „не би било добро за институцијата“.

И ова не бил единствениот тежок период од нејзината бременост.

Се соочија со грозоморни предрасуди

Раѓањето на синот на принцот Хари и Меган, Арчи, требаше да биде радосно – но наместо тоа, Маркл се соочила со неопислива болка.

За време на нејзиното интервју со Опра, Меган призна дека „одредени“ членови на кралското семејство биле преокупирани со бојата на кожата на детето отколку со тоа дали таа и бебето се среќни и здрави.

Тие, исто така, се погрижиле бебето Арчи да нема никаква кралска титула.

На останатите членови не им се допаднала одлуката за напуштање на кралското семејство

Кога Меган и Хари објавија дека ќе се повлечат од животот во палатата, многу таблоиди направија како да ги заслепиле и изненадиле кралицата и принцот Чарлс со ова одлука.

Но, Хари долго разговарал за својот план со семејството, па некои реагирале пољубезно од другите.

Таа била неподнослива во палатата

Меган наводно малтретирала голем број членови на персоналот. Двајца високи службеници излегоа и тврдеа дека таа ги „понижила“ и дека нејзините постапки покажале „емоционална суровост и манипулација“.

Ја обвинија дека се дружи со негативец

Група новинари упатија критики кон неа поради тоа што Меган носела обетки што ѝ ги подарил саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој неодамна беше вмешан во убиството на новинар.

Се заладија односите со сите членови на кралското семејство

Помина една година од интервјуто на Меган и Хари со Опра, но односите се заладија помеѓу Хари и Вилијам, како и меѓу Хари и неговиот татко, принцот Чарлс.

На крајот на краиштата, Хари навистина изјави дека и двајцата биле „заробени“.

За жал, ќе биде потребна семејна трагедија за семејството повторно да се спои.

Нов дом-нова приказна

Новиот дом на Меган и Хари во Монтесито всушност има одредена цел. Се чини дека тоа е единственото место каде што всушност можат да уживаат во својата приватност и да го живеат својот живот.

Помеѓу крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, имаше период од 102 дена кога Меган не се појави воопшто во јавноста.

Ова веројатно би било многу тешко да се направи на кое било друго место во светот – и дефинитивно би било невозможно доколку таа би имала кралски должности. 

Додека пандемијата задржа многу луѓе дома, сепак 102 дена се многу. Особено за личност од профилот на Меган Маркл.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg