„Се облекла како кечер“ – Ким Кардашијан хит на Твитер поради бизарниот аутфит со крзнени очила
- Детали
- петок, 15 април 2022
„Се облекла како кечер, подготвена е за демострација за безбедност од пожари“. Ова се дел од коментарите на Твитер за бизарниот аутфит на Ким Кардашијан.
Суперхерој, кечер или демонстратор за безбедност од пожари – аутфитот во кој Ким Кардашијан (41) се појави додека одеше на ручек со сестрите Клои и Кортни во четвртокот (14.04) предизвика лавина дискусии на социјалните мрежи.
Ким, која минатата година беше прогласена за модна икона досега повеќепати се појавувала во бизарни модни изданија, а овојпат го привлече вниманието со црвеното здолниште, црвените хеланки, чевли со високи потпетици на Balenciaga и ролката со дезен со оган.
Уште повпечатливо е тоа што носеше очила со рамки од крзно и крзнена чанта. Се претпоставува дека целиот аутфит ријалити ѕвездата потрошила четирицифрена сума, а брзо стана хит на социјалните мрежи.
Ким сподели видео на Инстаграм Стори од аутфитот во кој имаше ставено филтер со ѓаволски рогови.
По појавувањето на фотографиите дел од твитерџиите почнаа да ја споредуваат со цртан лик, а според други „Ким очигледно премногу гледа борби со кечери па сака да наликува на нив...“
Во поголем број твитови Ким ја споредуваат со кечерот Bam Bam Bigelow, а во други ја обвинуваат дека повторно краде од афро-американската култура затоа што го копирала аутфитот од браќата кечери попознати како Harlem Hit.
„Се подготвува за улога во филмот Incredibles“.
Погледнете повеќе фотографии од бизарниот аутфит на Ким во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





