Го облекла за јавно да „води љубов“ со претседателот по гласините за наводна афера – Приказната за „голиот“ фустан на Мерилин Монро
Во јануари 1961-ва година Мерилин поднела документи за развод со Артур Милер, откако претходната година во ноември најавиле дека планираат да се разведат.
Во пролетта 1962-ра година по разводот со Милер веќе била преселена во нејзиниот нов дом во Лос Анџелес и ѝ била понудена главната улога во филмот Something's Got to Give. Дополнително, многу се радувала заради учеството на добротоворната гала по повод роденденот на Џон Кенеди во Медисон Сквер Гарден на 19-ти мај.
Претходно веќе кружеле гласини дека претседателот има афера со актерката и дека тие ја поминале заедно ноќта заедно по една забава во Палм Спрингс. Наводно, таа вечер (по забавата) Кенеди ја поканил да настапи во Медисон Сквер Гарден.
Според сведоците, Мерилин два дена била мошне возбудена за учеството, а побарала да ѝ биде дизајниран фустан што ќе остане запаметен во историјата. Вечерта пред да настапи, фустанот во боја на кожа и кристали дизајниран од страна на Jean-Louis бил сошиен на неа.
Мерилин доцнела дури и на тој настан, а се појавила при крајот, откако водителот претходно неколкупати ја најавил, а неа ја немало.
Во моментот кога ја соблекла белата крзнена наметка сите останеле вџашени од нејзиниот изглед. Изборот на тоалета само дополнително ги разгорел гласините за наводна афера меѓу актерката и претстедателот, а нејзината изведба на песната Happy Birthday била окарактеризирана како „јавно водење љубов со претседателот пред 40 милиони Американци“.
Наводно, по ова Мерилин кратко имала контакт со претседателот Џон Кенеди и со неговиот брат Боб за време на гала вечерта, а потоа повеќе никогаш не се сретнале. Тогаш била направена и нивната единствена заедничка фотографија.
-->
-->
Актерката се вратила на сопствената холивудска кариера, но била отпуштена од филмот Something's Got to Give затоа што постојано доцнела или не доаѓала на снимањето.
-->
Во јуни 1962-ва година таа имала операција на жолчката. Видеото во кое се гледа како таа ја напушта клиниката каде ѝ била изведена операцијата и денес може да се најде на YouTube.
Во него се гледа како актерката ја напушта болницата во количка опкружена од репортери, обожаватели и полиција, а во еден миг вели: „Се чувствувам многу подобро, ви благодарам“.
Само неколку месеци подоцна, на 5-ти август Мерилин била најдена мртва во нејзиниот дом, а околу неа биле најдени повеќе празни шишенца со лекови. Само 15 месеци подоцна и претседателот Кенеди го загубил животот во трагичниот атентат.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“
„Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи...
Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Сантиметрите не се важни за љубов - Славни жени кои се повисоки од своите партнери
Зендеја, Камерон Дијаз, Никол Кидман - овие дами се доказ дека висината не е сек...

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр...
Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...