Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Комбинезон од чипка, бакнеж во уста со колега и јавање бик на сцена - Кој е скандалозниот претставник на Сан Марино на Евровизија?

Важи за еден од најскандалозните музичари во Италија, татко му е судија, а на 14 години неговите родители се преселиле и оставиле за него да се грижи неговиот повозрасен брат. Кој е Ахил Лауро, претставникот на Сан Марино, кој направи вистински спектакл на Евровизија 2022 и предизвика внимание со стајлингот и настапот?

kombinezon-od-chipka-baknezh-vo-usta-so-kolega-i-javanje-bik-na-scena-koj-e-01.jpg

Ахил Лауро кој беше претставник на Сан Марино во втората полуфинална вечер од Евровизија, настапи во црн комбинезон од чипка, на сцената јаваше механички бик и го бакна својот колега.

Неговиот настап во голема мера потсетуваше на нaстапот на минатогодинешните победници на Евровизија, Maneskin, а тој иако пораснал во Рим, годинава беше претставник на Сан Марино, третата по ред најмала држава во светот (по Ватикан и Монако), која се смета дека е најстарата република во светот.

se-pojavi-vo-kombinezon-od-chipka-javashe-bik-na-scenata-koj-e-ahil-lauro-skandalozniot-pretstavnik-na-san-marino-na-evrovizija-02.jpg

Ахил на сцената ја отпеа песната Stripper, со која победи на првото издание Una Voce per San Marino, во конкуренција на 17 други композиции.

se-pojavi-vo-kombinezon-od-chipka-javashe-bik-na-scenata-koj-e-ahil-lauro-skandalozniot-pretstavnik-na-san-marino-na-evrovizija-03.jpg

Пред настапот тој рече дека се чувствува среќен затоа што не ги гледа овие настани како натпревар, туку како предизвик.

se-pojavi-vo-kombinezon-od-chipka-javashe-bik-na-scenata-koj-e-ahil-lauro-skandalozniot-pretstavnik-na-san-marino-na-evrovizija-04.jpg

Во продолжение неколку интересни факти за него:

Ахил Лауро е добро познат пејач пред италијанската публика, со оглед на тоа што досега повеќепати настапувал на фестивалот Sanremo и како натпреварувач и како гостин.

Италијанската публика остана во шок во февруари годинава кога тој на сцената направи симболично „само-крштевање“ на Sanremo.

Вистинското име на Ахил Лауро е Лауро Де Маринис, бил роден во Верона во 1990-та година, но пораснал во Рим.

Ахил вели дека уште на 12-годишна возраст почнал да пишува стихови и знаел дека кога ќе порасне сака да биде музичар.

Според достапните информации, на 14 години родителите се преселиле и тој пораснал заедно со неговиот постар брат кој исто така е музичар и е дел од римскиот музички состав Quarto Bloc.

Под влијание на брат му кариерата ја започнал со рап музика, а оттогаш експериментирал со повеќе жанрови.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg