Ја бакнуваше својата девојка на Евровизија, Македонија ѝ даде 12-ка: Сексапилната шпанска претставничка ги подели мислењата (видео)
- Детали
- понеделник, 16 мај 2022
Стручното жири од Македонија 12-ката ѝ ја додели токму на Шанел, а мислењата на социјалните мрежи се навистина поделени. Дали вам ви се допадна настапот на огнената Кубанка, која живее во Барселона и заврши како третопласирана на Евровизија 2022?
Шанел Тереро (31) родена во Хавана, Куба, ја претставуваше Шпанија на годинешното издание на Евровизија и заврши како третопласирана.
Во еден миг изгледаше дека атрактивната Кубанка ќе победи, но гласовите од публиката направија Украина да биде прва, Велика Британија втора, а шпанската преставничка трета.
Стручното жири од Македонија 12-ката ѝ ја додели токму на Шанел.
фото: Инстаграм
Шанел е родена во Куба, но како дете се преселила во Барселона со своите родители.
Отсекогаш имала страст за музика, танц и глума, а часови по пеење земала од 6-годишна возраст.
На 16 години се преселила во Мадрид за да гради кариера и учествувала во најпознатите мјузикли таму.
Уште еден значаен миг во нејзината кариера бил кога учествувала како танчарка на настап на Шакира и тоа на настанот MTV EMA 2016 (Европските музички награди).
Настапот на Евровизија ѝ беше динамичен и огнен, а таа остави впечаток со танга костумот и танцувањето.
Камерата ја улови како се бакнува со својата девојка, во текот на гласањето, кога почна да води со гласови.
Видео како ја бакнува својата девојка:
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525620163151810562%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fshpanskata-pretstavnichka-na-evrosong-se-baknuva-so-svojata-devojka-za-vreme-na-glasanjeto-video%2Fa530129
Настапот во финалето на Евровизија 2022:
Повеќе фотографии од неа:
Повеќе фотографии од Шанел на следната страна...
Би можело да ве интересира:





