„Направивме дупка во комбинезонот за да имаме секс“ – Нова бизарна изјава на Меган Фокс, по гласините дека е бремена

Меган Фокс беше меѓу дамите што доминираа со изгледот на доделувањето на Billboard наградите, а на својот Инстаграм профил сподели и неколку интересни информации за тоа што се случува со нејзиниот приватен живот додека со нејзиниот свршеник престојуваат во Лас Вегас.

megan-foks-po-glasinite-deka-e-bremena-so-nova-bizarna-objava-napravivme-dupka-vo-kombinezonot-za-da-imame-01.jpg

На црвениот тепих на доделувањето на Billboard наградите Меган Фокс се појави заедно со нејзиниот свршеник Машин Ган Кели во црна тоалета со длабоко деколте, а доколку со изгледот не привлекоа доволно внимание, изјавата на нејзиниот свршеник пред настапот на сцената започна лавина од коментари и шпекулации.

megan-foks-so-novi-fotki-po-shpekulaciite-deka-e-bremena-napraviv-dupka-vo-kombinezonot-za-da-imam-seks-so-svrshenikot-02.jpg

Машин Ган Кели на сцената настапи со песната Twin Flame за која рече дека ја напишал за „неговата сопруга и нивното неродено дете“.

Се знае дека Меган Фокс и Машин Ган Кели се свршија во јануари годинава, но сите останаа збунети од изразот „сопруга“, а спомнувањето на нероденото дете само дополнително ги подгреа шпекулациите дека актерката е бремена по четврти пат.

megan-foks-so-novi-fotki-po-shpekulaciite-deka-e-bremena-napraviv-dupka-vo-kombinezonot-za-da-imam-seks-so-svrshenikot-03.jpg

За потсетување, Меган Фокс веќе има три сина од бракот со Брајан Остин Грин.

По доделувањето на наградите, Меган Фокс и Машин Ган Кели присуствуваа на забавата на P Diddy каде актерката го прослави својот 36-ти роденден.

Претходно во изјава за медиумите, Машин Ган Кели откри дека на забавата ќе го прослават и роденденот на неговата свршеница, на што таа одговори:

„Јас сум здодевна и не пијам, но сигурна сум дека тој ќе надополни за мене“.

megan-foks-so-novi-fotki-po-shpekulaciite-deka-e-bremena-napraviv-dupka-vo-kombinezonot-za-da-imam-seks-so-svrshenikot-06.jpg

Дополнително, Меган уште повеќе го сврте вниманието кон себеси откако на Инстаграм објави серија фотографии и видеа од фотосесијата направена за време на нивниот престој во Лас Вегас, пред да зачекори на црвениот тепих на Billboard Music Awards.

Во една од фотографиите се гледа преписката на Меган со нејзиниот стилист и во која тврди дека го уништила комбинезонот за да има секс со нејзиниот свршеник.

На фотографиите и видеата актерката носи син светкав комбинезон, а во преписката со нејзиниот стилист стои:

„Беше ли овој аутфит многу скап, затоа што направивме дупка меѓу нозете за да можеме да имаме секс?“

„Те мразам. Ќе го поправам“ – стои во одговорот од стилистот.

megan-foks-so-novi-fotki-po-shpekulaciite-deka-e-bremena-napraviv-dupka-vo-kombinezonot-za-da-imam-seks-so-svrshenikot-07.jpg

Погледнете повеќе фотографии од Меган Фокс и Машин Ган Кели на Billboard Music Awards на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс со Машин Ган Кели во Грција на одмор - не можат да се наситат еден на друг (фото) Уште еден доказ дека Грција е замислата за совршен одмор за холивудските ѕвезди....
Брајан Остин Грин шета со синовите, едниот бос со женска облека - додека Меган Фокс си ја слави сврш... Откако Меган Фокс и Машин Ган Кели јавно ја објавија свршувачката, нејзиниот пор...
Меган Фокс и Машин Ган Кели во Барби аутфити на настан, откако тој се прошета со обетки со нејзина к... Меган Фокс и како русокоса е преубава и сега се пар во Барби стил, а последни во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg