Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Ромео планира да ја запроси, Викторија веќе ја планира свадбата – која е Миа Реган, идната снаа на Бекамови?

Ромео Бекам (19) и неговата девојка Миа (19) се заедно од 2019 година и младата девојка веќе е како дел од семејството. Според изворите, тие размислуваат и за венчавка, само чекале да помине еуфоријата од свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц.

romeo-planira-da-ja-zaprosi-viktorija-vekje-ja-planira-svadbata-koja-e-mia-regan-idnata-snaa-na-bekamovi-foto-01.jpg

Благодарение на гламурозната свадба, периодов Бруклин Бекам и Никола Пелц се во центарот на вниманието. А, по сè изгледа дека наскоро Бекамови ќе треба да организираат уште една венчавка за помалиот син Ромео.

19-годишното момче и неговата девојка Миа Реган се заедно од 2019 година и наводно Ромео веќе размислувал да ја побара за жена.

Но, според извори блиски до Бекамови, го одложувал запросувањето бидејќи не сакал да го „украде“ вниманието од венчавката на неговиот постар брат.

„Ромео сакаше да почека да помине свадбата на брат му Бруклин и да не прави ништо што ќе го сврти вниманието од брат му кон него“, вели изворот.

romeo-planira-da-ja-zaprosi-viktorija-vekje-ja-planira-svadbata-koja-e-mia-regan-idnata-snaa-na-bekamovi-foto-04.jpg

19-годишната Миа веќе била како дел од семејството на Ромео, па наскоро дефинитивно можеме да очекуваме запросување.

Според изворот, иако Миа и Ромео се многу млади, Викторија толку многу ја сакала девојката, што го охрабрувала син ѝ да ја побара за жена.

Наводно, таа дури почнала да прави и планови за нивната венчавка.

romeo-planira-da-ja-zaprosi-viktorija-vekje-ja-planira-svadbata-koja-e-mia-regan-idnata-snaa-na-bekamovi-foto-03.jpg

Некои извори се шегуваат и дека стапувањето во брак на рана возраст е како традиција на Бекамови, бидејќи и Викторија и Дејвид стапија во брак на релативно рана возраст.

„Стапувањето во брак по кратка врска и на рана возраст изгледа е традицијата на Бекамови. Но сепак, Ромео и Миа дефинитивно се вљубени еден во друг. Тие веќе имаат разговарано дека сакаат големо семејство и едвај чекаат да се венчаат“.

romeo-planira-da-ja-zaprosi-viktorija-vekje-ja-planira-svadbata-koja-e-mia-regan-idnata-snaa-na-bekamovi-foto-07.jpg

Очигледно е и дека Миа, која е модел, ја сака идната свекрва бидејќи редовно позира во нејзини креации, а добивала и многу модни совети од неа.

„Дури и кога само разговараме што ќе носам, каков маникир ќе имам или како ќе се нашминкам… Навистина е прекрасно да имам таква личност во животот“, изјави Миа во интервју за Vogue.

romeo-planira-da-ja-zaprosi-viktorija-vekje-ja-planira-svadbata-koja-e-mia-regan-idnata-snaa-na-bekamovi-foto-06.jpg

romeo-planira-da-ja-zaprosi-viktorija-vekje-ja-planira-svadbata-koja-e-mia-regan-idnata-snaa-na-bekamovi-foto-02.jpg

Изворот вели и дека венчавката на Ромео и Миа веројатно нема да биде гламурозна како онаа на Бруклин и Никола:

„Миа е многу поразлична жена од Никола Пелц и отсекогаш сакала да се венча во Британија, што значи веројатно ќе направат многу поскромна венчавка од онаа на Никола и Бруклин“.

romeo-planira-da-ja-zaprosi-viktorija-vekje-ja-planira-svadbata-koja-e-mia-regan-idnata-snaa-na-bekamovi-foto-05.jpg

Како што веќе спомнавме, Миа е модел кој има соработувано со некои од најпознатите брендови во светот, како Balmain и Gucci.

Исто така, таа е и фотограф, а има и посебен Инстаграм профил каде што ги споделува нејзините професионални фотографии.

Младата девојка дефинитивно е вљубеник во уметноста и има студирано уметност и историја, но не е познато дали ќе продолжи со студиите.

За разлика од сопругата на Бруклин Бекам, Миа не потекнува од познато семејство на милијардери. Всушност, јавноста знае многу малку за нејзиното семејство и не е познато ни дали има браќа или сестри.

Миа ја почна врската со Ромео во мај 2019 година и извесен период парот ја криеше врската од јавноста.

Дури кон крајот на истата година ја споделија првата заедничка фотографија, а првпат се појавија заедно во јавност во 2021-ва.

Иако се јавни личности, и Ромео и Миа ја ценат својата приватност, па уште не е познато како се запознале.

Повеќе фотки од Миа:

https://www.instagram.com/p/CauKl7fAGR8/?hl=en

Повеќе фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пејачка се прошета топлес на BET Awards 2022 и поттикна лавина од критики Кога сакаш со голотија да издоминираш на настан и ќе го налутиш светот… Бремена ...
Страстен бакнеж од 6 секунди, познати гости – Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа на нејзиниот имо... Откако беа прогласени за сопруг и сопруга на традиционална еврејска церемонија, ...
Бруклин и Никола откриваат детали за бракот: „Како стар брачен пар сме, си легнуваме во 8 часот наве... „Како стар брачен пар сме, си легнуваме во 8 навечер и гледаме едно ТВ шоу, но в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg