Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се разголува за пари, мајка ѝ била насилна со неа – Која е 18-годишната ќерка на Чарли Шин, за чие лошо однесување тој ја обвинува бившата?

„Не го поддржувам нејзиното однесување и ја замолив да не биде вулгарна“ – вели Чарли Шин, откако неговата ќерка Семи Шин отвори профил на веб-сајтот Only Fans каде објавува разголени фотографии. Чарли ја обвини поранешната сопруга Дениз Ричардс, односно мајката на Семи, за однесувањето на нивната ќерка.

kjerkata-na-charli-shin-se-razgoluva-za-pari-toj-ja-obvini-poraneshnata-sopruga-koja-e-semi-shin-01.jpg

Семи Шин (18) се откажа од средното образование и одлучи да гради кариера на социјалните мрежи, а во моментов има над 40.000 следбеници на Инстаграм.

Неодамна таа објави фотографија во бикини со која најави дека направила профил на Only Fans, веб сервис каде се заработува така што фанови се претплаќаат на содржината која личноста ја објавува, а најчесто тоа се разголени фотографии и видеа.

Семи е ќерка на Чарли Шин од неговиот брак со Дениз Ричардс, кој траеше во периодот од 2002-ра до 2005-та година.

kjerkata-na-charli-shin-se-razgoluva-za-pari-toj-ja-obvini-poraneshnata-sopruga-koja-e-semi-shin-04.jpg

Чарли и Дениз имаат уште една заедничка ќерка, Лола, а Семи во текот на минатата година на ТикТок објави видео во кое ја обвини нејзината мајка за насилство.

„Пред една година побегнав од моето насилно семејство, се мразев себеси, со денови не јадев и не спиев, бев депресивна, мразев да одам во училиште“ – рече Семи и појасни дека одлучила да се откаже од средното образование и да се пресели да живее со татко ѝ.

kjerkata-na-charli-shin-se-razgoluva-za-pari-toj-ja-obvini-poraneshnata-sopruga-koja-e-semi-shin-03.jpg

Дениз во една прилика појасни дека не им дозволува на ќерките да се гледаат со момчиња, па дури рече дека инсталирала и камери во домот со цел да може постојано да ги следи.

kjerkata-na-charli-shin-se-razgoluva-za-pari-toj-ja-obvini-poraneshnata-sopruga-koja-e-semi-shin-05.jpg

Сепак, по една година Семи одлучи повторно да се врати кај мајка ѝ, а со полнолетството смета дека може да почне и самата да заработува така што ќе работи како модел на Only Fans.

По најавата за нејзиниот профил на порталот, нејзиниот татко се огласи и даде ексклузивна изјава во која ја обвини поранешната сопруга за однесувањето на нивната ќерка:

„Таа има 18 години и живее со мајка ѝ. Тоа не се случи додека живееше со мене. Не го поддржувам нејзиното однесување, но штом не можам да го спречам ја замолив да се обиде да биде креативна, да не биде вулгарна и да не го жртвува сопствениот интегритет“.

kjerkata-na-charli-shin-se-razgoluva-za-pari-toj-ja-obvini-poraneshnata-sopruga-koja-e-semi-shin-07.jpg

За појаснување, Only Fans доживеа подем за време на пандемијата, а повеќе познати личности веќе имаат профили и објавуваат разголени фотографии.

Од август 2021-ва година на веб страната е забрането објавување на експлицитни содржини, а објавените фотографии и видеа може да ги видат само корисниците што се претплатени на поединечните профили.

Погледнете повеќе фотографии од Семи во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg