Рафаел Надал и сопругата го очекуваат првото дете – Марија не успеа да го скрие трудничкото стомаче на плажа (фото)
Марија Перељо дипломирала во областа на бизнис администрацијата, а од 2008-мата година работи како директор на Фондацијата Рафа Надал.
Тенисерот и неговата сопруга се запознале уште кога биле деца, благодарение на неговата сестра Мариа Изабел. Марија Перељо и Марија Изабел Надал заедно оделе во училиште.
Рафаел и Марија ја почнале љубовната врска во 2005-та година, а стапија во брак дури по 14 години, во 2019-тата година.
Марија ретко е на трибините за да навива за нејзиниот сопруг на светските турнири и позната е по тоа што својот приватен живот сака да го чува подалеку од очите на јавноста и (за разлика од некои други сопруги на славни спортисти) не сака да биде во фокусот на вниманието.
Во една пригода таа рече дека не сака да оди да навива за нејзиниот сопруг, затоа што не сака да му го одвлекува вниманието и да го дефокусира од она што е најважно во моментот, а тоа е победа на натпреварите.
Во минатото Рафаел говореше за тоа дали еден ден би сакал да има деца, па рече дека тоа најверојатно ќе го направи на крајот или по завршувањето на неговата спортска кариера, затоа што сака да биде тука за своето семејство.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи...
Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите?
По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“
Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр...
Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
-->