Последниот „разговор“ на Џони Деп и Амбер Херд e хит на социјалните мрежи – Дали ова се најкреативните огласи досега? (фото)
- Детали
- сабота, 18 јуни 2022
„Бомба! Последниот разговор меѓу Џони Деп и Амбер Херд“ – социјалните мрежи се преплавени со вакви објави, кои всушност се огласи за вработување и реклами. Јавноста има поделено мислење за нив: за едни тоа се најкреативните огласи, други ги осудуваат. Што мислите вие?
Компаниите и агентите за вработување одлучиле да ја искористат моменталната популарност на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд и да привлечат поголемо внимание кај јавноста.
Шон Барнс, кој работи како агент за вработување во компанија во Тексас (САД), стои зад првиот лажен транскрипт од последниот разговор меѓу двајцата актери и го објави во вторникот (14.06) со цел да привлече поголемо внимание на неговиот оглас во кој бара дата аналитичари.
Бомба!!!
Протече разговорот меѓу Џони Деп и Амбер Херд на крајот на судењето! Еве што ѝ кажа:
Херд: Џони... Еј! Може да се свртиш и да ме погледнеш?
Деп: (ја наведнува главата)
Херд: Ајде да разговараме Џони... Разговарај со мене.
Деп: (Се врти кон адвокатот и адвокатот одмавнува со главата)
Херд: Сакам да разговараме за некои работи.
Деп (со сè уште наведната глава): Нема за што да разговараме.
Херд: Те молам, погледни ме!
Деп: Довидување Амбер.
Херд: Кажи ми нешто Џони, ме сакаш уште?
Деп: (молчи)
Херд: Дали ме сакаш Џони?
Деп (ја крева главата, ја гледа директно во очи и ѝ вели): Амбер, ова можеби е последен пат да разговараме, затоа слушај ме многу внимателно. Ако познаваш добар дата аналитичар со искуство во Python, SQL, A/B testing и Exsel, веднаш јави му се на Шон Барнс во GTN Techbical Staffing. Тој е најдобар! Можеш да го добиеш на телефонскиот број...
Огласот доби масовен број кликови, а веднаш по него голем број други компании одлучија да ја искористат истата стратегија, па така во последниот разговор Џони на Амбер ѝ препорачува добри агенти за недвижности, маици, па и евтина правна служба...
Додека голем број од луѓето што го видоа на LinkedIn се импресионирани од креативноста и начинот на кој што овој оглас е направен, на Twitter голем број ги осудиja огласите и велат дека нивните LinkedIn профили „вријат“ од лажни транскрипти.
Дали ова се најкреативните огласи за вработување досега?Што мислите вие?
Погледнете неколку вакви огласи во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





